Скопје доби „Party Bus“ – нова омилена роденденска дестинација во движење
- Детали
- понеделник, 04 мај 2026
Како и во многу европски метрополи, концептот на забава во движење конечно пристигна и во Скопје. Градот доби нова, уникатна дестинација за прослава на родендени, матурски, момински и ергенски вечери, корпоративни настани и други свечени поводи – директно на булеварите.

Нудејќи нешто сосема поразлично и несекојдневно, Party Bus Skopje прераснува во вистинска успешна приказна, особено меѓу најмладите, кои сè почесто ги слават своите родендени токму на тркала.
Наместо класична, статична прослава, славениците добиваат динамично искуство низ градот – каде секој изминат километар значи нова песна, нов танц и нов неонски блесок. За родителите, пак, ова претставува едноставно и сигурно решение, без грижи околу организацијата.
Зад оваа „машина за насмевки“ стои тим на креативци кои секој роденден го претвораат во вистинска филмска авантура. Понудата вклучува целосна организација – од атмосфера и забава до сите неопходни детали. На славеникот му останува само да ја донесе тортата и да ужива во двочасовно безбедно возење исполнето со игри, смеа и караоке изведби на омилените хитови.
Самиот автобус е специјално адаптиран, со засилена конструкција, А-тест дозвола и целосно усогласен со безбедносните стандарди. Движењето е ограничено на 40 км/ч, во лента за јавен автобуски сообраќај, а капацитетот е до 35 гости.
Внатрешноста е вистинска диско атмосфера – висококвалитетен звук, ефектно осветлување, подиум за танцување, ладилник, тоалет, LED телевизори и интерактивни игри. Славеникот добива подарок, а гостите – неон реквизити за уште повесела атмосфера.
Најчести појдовни точки на движење се спортската сала „Борис Трајковски“ во Карпош и Железничката станица во Центар, но постои можност да се договори и друга локација.
Тимот е флексибилен, кооперативен и секогаш подготвен да се прилагоди на желбите на клиентите. А најважното – досега нема незадоволни гости.
Доколку имате повод за прослава и сакате нешто навистина поразлично, контактирајте на: 077 499 776 и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Посетете го нашиот веб-сајт, Фејсбук профил и Инстаграм профил.
Погледнете видео и фотографии од диско автобусот:
;