Правилната финансиска едукација за деца создава одговорни идни генерации - Прва финансиска лекција за деца на Халкбанк

Со новата кампања „Прва финансиска лекција за деца“, Халкбанк овојпат ја потенцира важноста на финансиската писменост уште од најрана возраст, и преку брендот Халки за детско штедење, таа продолжува да инвестира во едукација на најмладите, поттикнувајќи ги да градат корисни финансиски навики.

pravilnata-finansiska-edukacija-za-deca-sozdava-odgovorni-idni-generacii-prva-finansiska-lekcija-za-deca-na-halkbank-01.JPG

Кампањата се темели на идејата дека првите лекции за парите се најважни. Штедењето, планирањето и одговорното користење на средствата не се вештини што треба да се учат кога ќе заработи правата плата или хонорар, туку навики што се градат од мали нозе, преку практични совети и реални ситуации.

„Веруваме дека финансиската писменост започнува од најрана возраст и дека токму тогаш се поставуваат темелите за одговорно однесување со парите. Преку Халки сакаме да им дадеме на децата можност да имаат финансиска слобода, но и да ги научиме дека секоја слобода доаѓа со одговорност. Нашата цел не е само да понудиме производ, туку да придонесеме кон создавање генерации кои знаат да планираат, штедат и носат паметни финансиски одлуки“, велат од Халкбанк.

pravilnata-finansiska-edukacija-za-deca-sozdava-odgovorni-idni-generacii-prva-finansiska-lekcija-za-deca-na-halkbank-02.JPG

Платформата на Халки е конципирана како комплетен пакет услуги кои се прилагодени на потребите на децата и нивните родители. Дел од истата е и Халки картичката наменета за деца од 9 до 15 години, која претставува практична алатка преку која децата можат да ги направат своите први чекори во управувањето со пари, додека родителите преку своето м-банкарство, имаат целосен пристап, увид и контрола врз нивните финансиски активности. На овој начин, финансиската едукација станува дел од секојдневието, а учењето природен процес.

Халкбанк преку повеќе, различни активности работи на финансиска едукација на децата и младите. Банката го издаде првиот Буквар за финансиска писменост за деца, а организираше и повеќе креативни работилници преку кои децата учат за придобивките од штедењето. Со новата кампања „Прва финансиска лекција за деца“, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата посветеност кон заедницата и вложувањето во идните генерации, креирајќи вредности што имаат долгорочно значење.

Најчитани неделава