Becutan Sensitive за најчувствителната бебешка кожа – внимателно избрани состојки за интензивна нега и заштита

becutan-sensitiv-za-najchustvitelnata-bebeshka-kozha-vnimatelno-izbrani-sostojki-za-intenzivna-nega-i-zashtita-01_copy.JPG

НАУЧНО ПОТВРДЕНО, А РОДИТЕЛСКИ ОДОБРЕНО

Кожата на новороденчињата, особено на предвремено родените бебиња е исклучително нежна и чувствителна. Таа бара безбедна, клинички проверена и внимателно формулирана нега уште од првиот ден.

Токму затоа брендот Becutan, во соработка со педијатри и со дерматолози, ја разви линијата Becutan Sensitive создадена за најчувствителната кожа. Дел од оваа линија е кремот Becutan Sensitive SOS, производ кој е специјално формулиран со внимателно избрани состојки за интензивна нега, смирување и заштита на чувствителната и иритирана кожа кај новороденчињата и кај малите деца.

Клинички потврдена безбедност

Ефикасноста и дерматолошката подносливост на кремот Becutan Sensitive SOS се потврдени со клиничка студија спроведена во болнички услови меѓу предвремено родени бебиња, една од најчувствителните групи.

Целта на студијата беше да се процени подобрувањето на состојбата на кожата, особено во деловите склони кон иритации - лицето, рацете, тело и пеленската регија - како и да се следи дерматолошката подносливост, ефектот врз црвенилото, сувоста и евентуалните воспалителни промени.

Во шестмесечното клиничко следење:

  • учествуваа 400 предвремено родени бебиња според строго дефиниран протокол;
  • беа вклучени 5 здравствени установи;
  • кај 100 % од испитаните бебиња не се забележани несакани ефекти.

becutan-sensitiv-za-najchustvitelnata-bebeshka-kozha-vnimatelno-izbrani-sostojki-za-intenzivna-nega-i-zashtita-02.JPG

Овие резултати ја потврдуваат високата безбедност на производот при континуирана (секојдневна) употреба уште од најрана возраст.

Нежна формула со потврдени резултати

Клиничките резултати покажуваат:

  • одлична подносливост без иритации при нанесување;
  • подобрена хидратација уште од првата употреба;
  • лесно нанесување и брза апсорпција.

becutan-sensitiv-za-najchustvitelnata-bebeshka-kozha-vnimatelno-izbrani-sostojki-za-intenzivna-nega-i-zashtita-01.JPG

Затоа кремот Becutan Sensitive SOS е наменет за секојдневна употреба на лицето и телото и во пеленската регија. Дејствува смирувачки при црвенило, сувост и иритации, истовремено поддржувајќи ја природната заштитна бариера на кожата.

becutan-sensitiv-za-najchustvitelnata-bebeshka-kozha-vnimatelno-izbrani-sostojki-za-intenzivna-nega-i-zashtita.jpg

Со клинички потврдена формула и со резултати добиени во реални болнички услови, овој производ претставува сигурен избор за родителите кои бараат повеќе од обична нега и кои сакаат проверена заштита за своето дете уште од првиот ден.

Најчитани неделава