Интервју со Бранкица Толевска, раководител на одделот за трансформација, стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија

intervju-brankica-tolevska-rakovoditel-na-oddelot-za-transformacija-strategija-i-korporativni-komunikacii-vo-a1-makedonija-01_2.JPG

Безбедноста во сообраќајот е колективна одговорност

Прашањето за одговорното користење на мобилните уреди станува сè поважно, особено кога станува збор за безбедноста во сообраќајот. Кампањата „Одговорно со технологијата. За побезбеден сообраќај“ отвори значајна јавна дебата и покажа дека комуникацијата може да биде силна алатка за подигнување на свеста и поттикнување позитивни промени во однесувањето. Во разговорот со Бранкица од А1 Македонија зборуваме за мотивите зад иницијативата, реакциите од јавноста и важноста од заедничко делување на институциите, компаниите и граѓаните.

intervju-brankica-tolevska-rakovoditel-na-oddelot-za-transformacija-strategija-i-korporativni-komunikacii-vo-a1-makedonija-001.jpg

Што беше главниот мотив зад кампањата „Одговорно со технологијата. За побезбеден сообраќај“?

Главниот мотив беше потребата да се отвори тема што секојдневно ја гледаме или поточно ја живееме околу нас, но честопати ја потценуваме. Денес мобилните телефони и дигиталните уреди се постојано присутни во нашето секојдневие и многу лесно вниманието ни се префрла од реалната околина кон екранот. Најчесто си велиме, чекај да видам дали ми пишаа или само на кратко да вратам на пораката.

Во сообраќајот, токму тие неколку секунди невнимание можат да имаат сериозни последици. Затоа сакавме преку оваа кампања да потсетиме дека безбедноста не смее да биде ставена во втор план без разлика дали сме зад волан, на пешачки премин, на велосипед или на тротинет.

Кампањата беше создадена со искрена намера да поттикне поголема јавна свесност и да ги охрабри луѓето барем за момент да размислат за сопствените навики во сообраќајот.

intervju-brankica-tolevska-rakovoditel-na-oddelot-za-transformacija-strategija-i-korporativni-komunikacii-vo-a1-makedonija-01.JPG

Кампањата предизвика огромен интерес во јавноста. Што за вас значат над 20 илјади повици кон бројот?

Таа бројка сама по себе зборува многу. Над 20 илјади повици значат дека јавноста застана, се заинтересира и сакаше да открие што стои зад пораката.

Но уште поважно од самата бројка е фактот што кампањата создаде разговор. Луѓето дискутираа, споделуваа лични искуства и почнаа да зборуваат за навиките што често ги сметаме за безопасни, а можат да бидат многу ризични.

За нас тоа беше доказ дека пораката допре до јавноста и дека комуникацијата успеа да ја отвори темата на начин што е близок и разбирлив за луѓето.

Колку е важно институциите и приватниот сектор да соработуваат на вакви иницијативи?

Безбедноста во сообраќајот е тема што ги засега сите и токму затоа сметаме дека е потребен заеднички пристап. Кога институциите, компаниите и медиумите испраќаат усогласена порака, влијанието е многу поголемо.

Поддршката од Министерството за внатрешни работи беше особено важна бидејќи покажа дека превенцијата, едукацијата и подигнувањето на јавната свест се клучни елементи во создавање побезбедна сообраќајна култура.

Веруваме дека ваквите партнерства се пример како преку заедничко делување може да се создадат иницијативи што имаат реален општествен impact.

Најчитани неделава