НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција: Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
- Детали
- петок, 22 мај 2026
НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.

НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.
Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.
Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите.
Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.
Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.