Заврши „Потрагата по највкусниот залак“

Давор Панчевски го освои првото место во вкусниот предизвик на Моја Кравица...

zavrshi-potragata-po-najvkusniot-zalak-01_copy.jpeg

Предизвикот „Потрагата по највкусниот залак“ на Моја Кравица успешно заврши, а публиката го избра својот фаворит. Победник во овој вкусен предизвик е Давор Панчевски (daveskitchenofficial), чиј рецепт освои најмногу гласови и симпатии.

Во предизвикот, покрај победникот Давор Панчевски, учествуваа и Марија Кочовска, Бранко Попоски, Мартина Симјановска и Наталија Деспотовска, претворајќи ги своите идеи во вкусни рецепти, од солени јадења до слатки десерти. Рафаело тортата на Давор Панчевски се покажа како фаворит на публиката, каде Моја Кравица павлака за готвење и Моја Кравица путер совршено се вклопија, давајќи ѝ кремаста текстура и неодолив вкус. За сите што сакаат да го погледнат рецептот и начинот на подготовка на победничкиот десерт, тоа можат да го направат на следниот линк за Рафаело торта.

zavrshi-potragata-po-najvkusniot-zalak-02.jpeg

Публиката имаше можност активно да биде дел од кампањата, да ги следи сите рецепти, да навива за своите фаворити и на крајот да го даде својот глас за омилениот рецепт.

Со оваа активност, Моја Кравица уште еднаш ја доближи инспирацијата за готвење до своите потрошувачи, покажувајќи дека омилените производи од секојдневието можат да бидат почеток на нови вкусни приказни и моменти што се споделуваат со најблиските.

Кога производите на Моја Кравица ќе се спојат со креативност и љубов кон вкусната храна, резултатот секогаш е рецепт што инспирира.

Најчитани неделава