Една одлука, две дипломи: Спасовска за Универзитетот Јорк во Солун и сè што не пишува во книгите

Марија Спасовска, студентка на бизнис смерот на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, за британското образование поблиску до дома, меѓународните пријателства и излезот од комфорната зона

edna-odluka-dve-diplomi-spasovska-za-univerzitetot-jork-vo-solun-i-se-shto-ne-pishuva-vo-knigite-01.JPG

Марија Спасовска е студентка од втора година на насоката Сметководство и финансии на бизнис смерот на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун. Таа го избра овој пат барајќи баланс помеѓу математиката и пресметките од една страна, и комуникациските вештини и работата со луѓе од друга. Она што ја привлече беше можноста да добие британско образование со силна меѓународна репутација, но поблиску до дома, токму во град што го сака, Солун. Во ова интервју Марија споделува како изгледа студентскиот живот на еден меѓународен кампус, како британскиот академски пристап го развива критичкото мислење, и зошто верува дека студирањето во странство носи две дипломи, поточно една за завршените студии и една за животните лекции.

Марија, бизнис смерот на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун нуди четири специјализирани насоки: Менаџмент, Маркетинг, Сметководство и финансии, и Хотелски и угостителски менаџмент. Зошто токму бизнис, зошто токму Јорк, и зошто Европскиот кампус во Солун пред другите опции, вклучително и студирање во Велика Британија или останување во Македонија? Што беше пресвртниот момент кога ти и семејството рековте „ова е тоа“?

Марија Спасовска: Го избрав бизнис смерот, поточно насоката Сметководство и финансии, зашто таму најдов баланс помеѓу математиката, пресметките и комуникациските вештини, односно интеракцијата со луѓе. University of York има силна меѓународна репутација, а кампусот во Солун ми овозможи британско образование поблиску до дома. Големо влијание врз одлуката имаше и самиот град во кој се наоѓа кампусот — секако, Солун.

edna-odluka-dve-diplomi-spasovska-za-univerzitetot-jork-vo-solun-i-se-shto-ne-pishuva-vo-knigite-03.JPG

Универзитетот Јорк е член на Russell Group и е рангиран меѓу топ 8% универзитети во светот, а наставата на Европскиот кампус се изведува по истите академски стандарди како во Англија. Која е најголемата разлика што ја почувствува меѓу британскиот академски пристап и она што го очекуваше пред да започнеш? Може ли да ни посочиш конкретен пример од некој предмет или проект од бизнис смерот што јасно ја покажува таа разлика во пракса?

Марија Спасовска: Начинот на предавање и концептот на испитите го развиваат критичкото мислење кај студентите. Теоријата што ја учиме не останува само во книга, туку практично ги осознаваме нештата од сите сфери на бизнисот. Факултетот ни овозможува посети на компании од различни сектори, а искуството што го стекнуваме од тие настани е исклучително. Професорите очекуваат да читаме академски статии, да аргументираме сопствен став и да дискутираме, што ме мотивира да бидам активна и самостојна во учењето.

Кампусот во Солун собира студенти од земјите во регионот. Како изгледа еден типичен ден за тебе од предавањата, преку работата на проекти со меѓународни тимови, до животот надвор од факултет? Што те изненади најмногу за студентскиот живот во Солун, и какви настани, клубови или активности се случуваат на кампусот?

Марија Спасовска: Еден типичен ден во Солун започнува со предавања, кафе со колегите на пауза и многу убава енергија. Атмосферата на факултетот секогаш е пријатна затоа што најголем дел од студентите се од странство, од различни земји, па ние сме си едни на други и фамилија, и другари, и колеги. Унијата на студенти организира различни настани, вклучувајќи спортски и волонтерски активности, како и забави што се неминовни за убавиот ноќен живот во Солун. Сепак, јас повеќе претпочитам да го поминувам времето во Солун покрај море, со трчање и прошетки.

edna-odluka-dve-diplomi-spasovska-za-univerzitetot-jork-vo-solun-i-se-shto-ne-pishuva-vo-knigite-02.JPG

Дипломата што ќе ја добиеш е од Универзитетот Јорк, иста како и за студентите во Англија, а алумни-мрежата на универзитетот брои над 15.000 дипломци насекаде во светот. Како тоа веќе влијае врз начинот на кој те гледаат потенцијалните работодавци? Дали забележа разлика во тоа како реагираат компаниите кога ќе го видат „University of York“ во твоето CV или LinkedIn профил, и какви контакти градиш уште од втора година?

Марија Спасовска: Иако сум студентка од втора година, имав можност заедно со моите колеги да учествувам во кариерниот ден што го организираше факултетот изминатиов семестар. Морам да признаам дека бев позитивно изненадена од нивото на работодавци со кои ни беше овозможено да дискутираме за потенцијална пракса и работа, што ми дава уште поголем стимул да ја ценам можноста да бидам дел од овој круг на академици и професионалци. Компаниите исклучително го ценат универзитетот, затоа што добро се запознаени со кадарот на професори и со нивото на образование што го стекнуваме.

Многу македонски родители се двоумат пред оваа одлука околу финансиската инвестиција, безбедноста, оддалеченоста и пред сè околу прашањето „дали детето ќе биде добро“. Ти веќе имаш втора година зад себе. Што би им порачала на родителите што сега ја гледаат истата дилема што ја гледаше и твоето семејство пред две години? Што е она што тие реално треба да го знаат за животот на студентите во Солун, што не може да се прочита онлајн, туку треба да се искуси?

Марија Спасовска: Доколку родителите можат да им овозможат ваков тип на образование на своите деца, не би требало воопшто да се двоумат, зашто студирањето во странство носи две дипломи. Едната е од завршените студии, а другата е од сите лекции за животот што се учат во клучните години за развој на личноста. Ова е искуство што бара излез од комфорната зона, но само тогаш суштински можеме да видиме напредок во која било сфера од животот. Навиките што се стекнуваат се неспоредливи, а исто така се создаваат долготрајни пријателства со луѓе од целиот свет.

И за крај, Марија ако некој средношколец од Македонија сега го чита ова интервју и размислува да аплицира за академската 2026/27 година, кој е твојот совет за првиот чекор? Што конкретно треба да направи денес? Како да дознае повеќе за смеровите, за стипендиите за македонски студенти, и како да добие индивидуална консултација?

Марија Спасовска: Би им порачала да ја погледнат официјалната веб-страна на универзитетот, каде што ги има сите потребни информации околу смеровите. А секако, доколку имаат можност, може и лично да го посетат универзитетот, каде што службата ќе ги прошета низ кампусот и ќе им сподели сè што би ги интересирало.

Направи го својот прв чекор

Размислуваш да аплицираш за академската 2026/27 година? Првиот чекор е едноставен. Посети ја официјалната веб-страна на Универзитетот Јорк yorkeuropecampus.eu, каде што ќе ги најдеш сите информации за смеровите и за стипендиите за македонски студенти. А ако сакаш да го почувствуваш кампусот лично, договори посета службата ќе те прошета низ кампусот и ќе ти одговори на сè што те интересира.

Излезот од комфорната зона е твојот прв чекор кон втората диплома.

Најчитани неделава