Од чиста бебешка облека до блескав дом: Софија Јанева открива кои dm производи секогаш ги купува!
- Детали
- четврток, 28 мај 2026
Кога станува збор за производи за домот и семејството, секојдневните избори прават голема разлика. Инфлуенсерката Софија Јанева добро знае дека по раѓањето на нејзиниот син Матео, квалитетот станува уште поважен, но истовремено и внимателното планирање на домашниот буџет.

Токму затоа, нејзиниот избор се производите од dm продавниците кои нудат практични решенија за секој дом, со секогаш поволни цени. Во нејзината dm кошничка се најдоа производи кои го олеснуваат секојдневието, од нега на детска облека, до чистење, пеглање и одржување на домот.
Denkmit спреј за мебел против прашина - 109 денари
Denkmit спрејот за мебел против прашина е еден од оние производи што еднаш ќе ги пробате и потоа секогаш ќе ги имате дома. Со антистатичка формула, погоден е за дрвени, вештачки и стаклени површини. Освен што чисти, негува и штити, помага во одложување на повторното создавање прашина и придонесува домот подолго да изгледа уредно и свежо. Формулата без восок овозможува чисти и сјајни површини без траги.
Frosch baby течен детергент за перење детска облека - 359 денари
Frosch baby течниот детергент е еден од производите кои Софија ги користи за алиштата на Матео уште од неговото раѓање. Неговата формула е наменета за перење детска облека, нежна е кон чувствителната кожа и погодна за различни видови материјали. Збогатен со екстракт од камилица, овој детергент помага во отстранување и на потврдокорни дамки, оставајќи ја облеката свежа и мека. Дополнително, амбалажата е изработена од рециклирачки материјали, што го прави избор кој се грижи и за семејството и за природата.
THE PINK STUFF THE MIRACLE повеќенаменско средство за чистење - 155 денари
За брзо и ефикасно чистење низ домот, Софија го избира THE PINK STUFF THE MIRACLE повеќенаменскиот спреј. Овој производ е наменет за чистење тврди површини и е одличен сојузник во отстранување тврдокорни дамки, маснотии и нечистотии. Лесен е за употреба, остава чувство на свежина и чистота, а воедно е и вегански производ.
Denkmit марамчиња за бела облека - 109 денари
Белата облека бара посебна грижа, а Denkmit марамчињата за бел веш се практично решение за одржување на нејзиниот свеж и блескав изглед. Тие помагаат во отстранување на жолтеникавите и сивкастите тонови од белата облека и се погодни за перење на температури од 20 степени целзиусови. Едноставни за користење, овие марамчиња се одличен избор за редовно одржување на белата облека.
Denkmit 2 во 1 спреј за полесно пеглање - 109 денари
За сите кои сакаат побрзо и полесно пеглање, Denkmit 2 во 1 спрејот е вистински мал помошник во домот. Со само едно прскање, пеглата полесно лизга по ткаенината, а облеката станува помазна и без набори. Производот не се лепи за пеглата, заштедува време и е погоден за употреба на различни ткаенини, освен свила, кожа и материјали кои бараат посебно чистење.
Denkmit средство за чистење машина за садови - 69 денари
За крај, во кошничката на Софија се најде и Denkmit средството за чистење машина за садови. Неговата специјална формула помага во отстранување на маснотии и наслаги од бигор, особено на делови важни за правилната работа на машината, како прскалките и филтерот. Со редовна употреба, придонесува за хигиенска чистота и посвеж мирис во машината за садови.
Токму ваквите производи се доказ дека грижата за домот не мора да значи компромис ниту во квалитетот, ниту во буџетот - од првото перење на детската облека, преку брзото освежување на површините, па сè до полесното пеглање и одржувањето на машината за садови, секој производ има своја мала, но важна улога во секојдневието. Затоа, следниот пат кога ќе влезете во dm по само еден производ, можеби ќе се препознаете во изборот на Софија и ќе откриете нови омилени помошници за вашиот дом. А, кои се вашите омилени производи од dm?