Тинекс отвори нов модерен маркет во Мega Shopping Park во Гевгелија

Секој нов маркет носи нова енергија, нови навики и ново место каде што секојдневието станува полесно и поубаво. Токму со таа идеја, Тинекс го отвори својот нов модерен маркет во рамки на Mega Shopping Park во Гевгелија – современ простор создаден да одговори на потребите на модерниот потрошувач и да понуди комплетно, удобно и инспиративно шопинг искуство за сите генерации.

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija-01_copy.JPG

Лоциран на ул. Васил Главинов бр. 4, во рамки на Mega Shopping Park, новиот Супер Тинекс се простира на површина од 1450м², од кои 1000 м² продажен простор и 450м², магацински простор и претставува еден од најсовремените продажни објекти на компанијата. Маркетот е конципиран така што уште од самиот влез создава чувство на пријатност, функционалност и лесно снаоѓање, со внимателно организиран простор и современ амбиент кој го прави секојдневното купување побрзо и поедноставно.

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija-02.JPG

Во новиот маркет потрошувачите можат да избираат од 12.000 до 15.000 производи, внимателно селектирани за да одговорат на различните потреби и навики на современото семејство. Богатата понуда опфаќа свежо овошје и зеленчук, месо и сувомеснати производи, млечни производи, пекарски производи, замрзната храна, органска и здрава храна, пијалаци, средства за домаќинство, козметика и производи за лична хигиена. Дополнително, купувачите ќе можат да најдат голем избор домашни брендови, како и интернационални производи од сопствен увоз, по кои Тинекс е препознатлив на македонскиот пазар.

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija-03.JPG

Како дел од современото шопинг искуство, новиот Тинекс располага и со самонаплатни каси, овозможувајќи побрзо, пофлексибилно и поефикасно завршување на купувањето. Овој систем е особено практичен за секојдневни посети и за потрошувачите кои преферираат брза и едноставна услуга.

„Со отворањето на новиот Супер Тинекс во рамки на Mega Shopping Park правиме значаен и стратешки чекор во понатамошното ширење и унапредување на малопродажната мрежа на компанијата. Изборот на оваа локација е дел од нашата долгорочна стратегија – да бидеме присутни во современи, фреквентни и функционални трговски центри кои овозможуваат комплетно и квалитетно шопинг искуство за потрошувачите. Гевгелија е град со динамичен развој и значајна регионална позиција, поради што претставува особено важен пазар за нашиот понатамошен раст и доближување до потрошувачите.

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija-04.JPG

Со овој маркет не отвораме само нов продажен простор, туку создадовме место кое е внимателно дизајнирано околу потребите и навиките на современиот купувач. Сакавме секој детал – од организацијата на просторот, до услугата и атмосферата – да придонесе купувањето да биде едноставно, пријатно и модерно искуство. Особено сме среќни што стануваме дел од секојдневието на граѓаните на Гевгелија и што ќе можеме да понудиме квалитет, услуга и атмосфера по која Супер Тинекс е познат“, изјави Дејан Јовановиќ, оперативен директор на Тинекс.

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija-05.JPG

Отворањето на новиот маркет претставува и значаен придонес за локалната економија, со отворање на 25 нови работни места и создавање нови можности за професионален развој и вработување во регионот.

По повод отворањето на Тинекс маркетот, посетителите ќе можат да уживаат во специјално подготвена програма исполнета со промоции, дегустации, подароци, изненадувања и бројни активности за целото семејство.

Покрај редовните акции и атрактивни цени достапни за сите потрошувачи, Тинекс продолжува да ги наградува и своите лојални купувачи преку програмата Поен+, која нуди специјални понуди, ексклузивни попусти претворајќи ја лојалноста во реална вредност за секојдневното купување.

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija-06.JPG

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija-07.JPG

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija-08.JPG

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija-09.JPG

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija10.JPG

tineks-otvori-nov-moderen-market-vo-mega-shopping-park-vo-gevgelija-11.JPG

Најчитани неделава