Пристигна нов стандард на квалитет - Мој SPAR, мој избор!

Со влезот на SPAR на македонскиот пазар, малопродажбата добива нова димензија - стандарди кои досега беа препознатливи на меѓународно ниво, сега стануваат дел од секојдневието на домашните потрошувачи.

pristigna-nov-standard-na-kvalitet-moj-spar-moj-izbor-01.JPG

Преку отворањето на првите маркети, вклучувајќи го и INTERSPAR во комплексот Retail Fresh Store во Скопје, како и SPAR маркетот во Џевахир Мол, компанијата носи современ концепт на пазарење кој се темели на квалитет, избор и доверба.

Мој SPAR, мој избор! не е само порака, туку суштината на пристапот на SPAR кон потрошувачите. Тоа значи слобода да избереш од широк и внимателно селектиран асортиман, сигурност во квалитетот на производите и доверба дека секоја куповна одлука е вистинската.

Асортиманот опфаќа илјадници интернационални производи, препознатливи приватни марки на SPAR и сè поголем број домашни производи, создавајќи совршен баланс помеѓу глобалното и локалното. На тој начин, потрошувачите добиваат повеќе можности, подобар избор и производи кои одговараат на нивните секојдневни потреби.

pristigna-nov-standard-na-kvalitet-moj-spar-moj-izbor-02.JPG

Истовремено, SPAR активно ја поддржува домашната економија преку соработка со македонски производители, овозможувајќи им поголема видливост и нови можности за раст.

Компанијата влегува на македонскиот пазар со инвестиција од 45 милиони евра во следните три години, потврдувајќи ја својата долгорочна посветеност кон развојот на пазарот. Дел од инвестицијата е наменет за отворање нови маркети и модернизација на постоечките локации, додека значителен сегмент опфаќа и развој на современа логистичка инфраструктура.

pristigna-nov-standard-na-kvalitet-moj-spar-moj-izbor-03.JPG

Со план за отворање на вкупно 65 маркети низ Македонија, SPAR има јасна визија - да биде поблиску до граѓаните и да стане дел од нивното секојдневие.

Покрај производите, SPAR нуди и унапредено корисничко искуство - модерни простори, функционален распоред и услуга која ги става потрошувачите во центарот.

Затоа, секое пазарење станува лично искуство.
Затоа, изборот е едноставен.

Мој SPAR, мој избор!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg