Светски ден на велосипедот: Мали dm трикови за свежина, заштита и енергија во движење
- Детали
- среда, 03 јуни 2026
На 3 јуни го одбележуваме Светскиот ден на велосипедот - ден кој нè потсетува колку е важно движењето, времето поминато на отворено и малите здрави навики кои можат да направат голема разлика. По тој повод, dm ви предлага неколку практични производи кои лесно се вклопуваат во секоја торба или ранец и се идеални придружници за велосипедски денови, спортски активности и моменти поминати надвор.
Без разлика дали возите велосипед до работа, уживате во лежерна прошетка низ град, планирате подолга рута во природа или едноставно сакате да внесете повеќе движење во денот, добрата подготовка е секогаш важна. Сончева заштита, свежина, практично освежување и мал извор на енергија се само неколку нешта кои можат да го направат активниот ден поудобен и попријатен. Токму затоа, во dm можете да најдете производи кои се создадени за лесно и практично користење во движење.
Кога денот е исполнет со движење, практичната ужина секогаш е добредојдена. Sportness протеинската плочка со Crunchy Brownie & Cream вкус е одличен избор за сите кои сакаат вкусна комбинација од функционалност и уживање. Со висок удел на протеини од 26 отсто, ниска содржина на шеќер и како извор на растителни влакна, оваа плочка лесно се вклопува во активен ден, пауза помеѓу возењата или момент кога ви е потребна брза и практична ужина. Нејзината мека, протеински богата маса е надополнета со кремаст слој, крцкави парчиња и нежна млечна чоколада со малтитол, што ја прави вкусен избор за сите љубители на слатки, но практични решенија.
Активностите на отворено секогаш бараат соодветна заштита од сонце, особено кога денот го поминувате во движење. SUNDANCE Sport транспарентниот спреј за сончање со заштитен фактор 50 обезбедува ефикасна УВА/УВБ заштита и е посебно погоден за спортисти и љубители на активности на отворено. Неговата практична формула е водоотпорна, отпорна на потење и обезбедува сигурна заштита веднаш по нанесувањето. Дополнително, спрејот пријатно ја освежува кожата и помага во спречување на непријатни мириси, што го прави особено практичен за велосипедски тури, трчање, планинарење или ден поминат во природа.
За активен ден е важно да се чувствувате свежо и сигурно, без разлика дали сте на велосипед, на прошетка или во секојдневни обврски. Balea антиперспирантот 5во1 обезбедува ефективна заштита од непријатен мирис до 48 часа и овозможува чувство на негувана кожа под пазувите. Со свеж мирис и блага нега за кожата, овој спреј е практичен избор за секој ден. Формулата не остава бели траги или жолти дамки на облеката, што е особено важно кога носите спортска или светла облека. Лесен за употреба и погоден за носење во торба.
Кога сте надвор од дома, малите практични производи често прават најголема разлика. babylove влажните марамчиња за лице и раце со 99 отсто вода овозможуваат нежно и брзо чистење, без разлика дали сте на пауза од возење, во парк, на излет или на семејна велосипедска прошетка. Со рецептура која содржи 99 отсто вода, без парфем и со дерматолошки потврдена подносливост на кожа, овие марамчиња се погодни за чувствителна кожа. Практичното патно пакување ги прави идеални за носење во ранец, ташна или велосипедска торба.
Овој Светски ден на велосипедот, изберете движење, свеж воздух и моменти кои ве полнат со добра енергија. А со практичните производи од dm, секоја велосипедска авантура може да биде уште поудобна, посвежа и подобро подготвена.