dm го става женското здравје во фокус: нежна поддршка со Mivolis производи за секоја фаза од животот
- Детали
- вторник, 09 јуни 2026
Женското тело поминува низ различни фази, а секоја од нив заслужува внимание, разбирање и нежна поддршка.
Без разлика дали станува збор за секојдневна рамнотежа, периоди на промени или моменти посветени на одмор и релаксација, грижата за себе започнува со мали, но значајни навики. Во dm продавниците можете да најдете внимателно одбрани производи од dm марката Mivolis, по секогаш поволни цени, создадени како поддршка за женскиот организам и за секојдневното чувство на благосостојба.
Mivolis Meno Aktiv капсули
Mivolis Meno Aktiv капсулите се додаток во исхраната наменет за жени во менопауза. Во периодот меѓу 40. и 50. година, женскиот организам започнува природни хормонални промени, при што се намалува производството на естроген. Овие промени често можат да бидат придружени со непријатни појави како топлотни бранови, замор и губење минерали од коските. Формулата на Mivolis Meno Aktiv содржи калциум, витамини, изофлавони од екстракт од соја и екстракт од жалфија. Витаминот B6 може да придонесе за регулирање на хормоналната активност и намалување на уморот и исцрпеноста, додека калциумот и витаминот D можат да придонесат за одржување на нормални коски. Витаминот D може да придонесе за нормална апсорпција и искористување на калциумот, а витаминот E може да придонесе за заштита на клетките од оксидативен стрес. Биотинот може да придонесе за одржување нормална коса и кожа, како и за нормално функционирање на нервниот систем, додека фолатот има улога во процесот на делба на клетките. Пакувањето содржи 60 капсули, практични за секојдневна употреба како дел од балансиран начин на живот.
Mivolis чај од билки за жени
За моментите кога ви е потребна пауза, смиреност и чувство на внатрешна рамнотежа, тука е Mivolis чај од билки за жени. Овој чај е креиран со посебно внимание за женскиот организам и нуди нежна поддршка за рамнотежа и благосостојба. Неговата внимателно избрана мешавина од билки содржи ајдучка трева, вркута и монашки бибер, кои создаваат хармонија во секоја шолја. Благиот вкус овозможува пријатно чувство на смиреност и удобност, правејќи го идеален избор за моменти посветени на себе и опуштање. Без разлика дали го пиете наутро како почеток на денот или навечер како мал ритуал за релаксација, Mivolis чајот за жени е топол потсетник дека грижата за себе може да биде едноставна, природна и пријатна. Пакувањето содржи 12 филтер-кесички од по 2 г, практично подготвени за секојдневно уживање во благодатите на билките.
Во динамичното секојдневие, грижата за женското здравје не треба да биде комплицирана. Понекогаш е доволно да си подарите неколку минути мир, топол чај или внимателно избран додаток во исхраната што одговара на вашите потреби. Во dm, грижата за себе секогаш започнува со производи што ви помагаат да се чувствувате добро - секој ден.