Додека трае борбата за трофејот, освежувањето мора да биде подготвено со Gorenje
- Детали
- петок, 26 јуни 2026
За време на FIFA World Cup 2026™ милиони навивачи ширум светот го следат секој пас, гол и пенал. Некои од трибините, некои од кафулиња, а многумина од сопствените домови, опкружени со семејството и пријателите. Но едно е сигурно – каде и да се следи натпреварот, освежувањето никогаш не е далеку од центарот на случувањата.

Затоа, пред почетокот на првенството, често се прави листа на работи што не смеат да потфрлат. Телевизор, добра екипа, омилени грицки и доволно разладени пијалаци за целиот натпревар. Затоа што додека на терен се води борба за секој гол, дома се води онаа друга – кој прв ќе стигне до фрижидерот за време на полувремето.
Во таква атмосфера, особено доаѓа до израз NoFrost технологијата на Gorenje. Додека вратата на фрижидерот се отвора безброј пати за време на натпреварот, таа одржува рамномерно ладење и оптимална температура во целата внатрешност на апаратот. Без создавање мраз, без насобирање влага и без потреба од одмрзнување, намирниците и пијалаците остануваат подеднакво свежи од првиот до последниот судиски свиреж.
Уште една работа што секој домаќин ќе знае да ја цени се функциите за брзо ладење. Колку пати се случува некој да го покани друштвото во последен момент или да се сети да ги разлади пијалаците дури еден час пред почетокот на натпреварот? Токму тогаш, системите за интензивно ладење привремено го зголемуваат капацитетот на работа, за пијалаците што побрзо да ја достигнат идеалната температура, додека остатокот од содржината останува безбедно разладен и покрај честото отворање на вратата.
Практичната организација на внатрешноста на Gorenje фрижидерите исто така добива сосема нова димензија за време на првенството. Полици за шишиња, пространи прегради на вратата за поголеми пакувања вода и сокови, голем вкупен капацитет, како и модели со ледомат – овозможуваат сè да биде на дофат и подготвено за ново собирање. Без разлика дали станува збор за помал фрижидер со една врата, комбиниран модел со замрзнувач или голем side by side фрижидер, заедничката цел останува иста – освежувањето никогаш да не недостасува токму кога натпреварот станува највозбудлив.
На крај, можеби не можеме да влијаеме кој ќе го подигне трофејот на FIFA World Cup 2026™, но можеме да бидеме сигурни во едно – најдобрите навивачки приказни не се паметат само по головите. Тие се паметат по пријателите што дошле без најава, по смеењето што го надгласило телевизорот, по заедничкото славење по победата и по оној еден Gorenje фрижидер кој, токму како најдобар соиграч, бил подготвен за секоја асистенција. Затоа одберете некој од Gorenje моделите што се покажале како докажан пријател во вакви ситуации.