Заврши големата наградна игра на „СКОПСКО “, доделен џипот за кампување

Извлечен е среќниот добитник на големата наградна игра на „СКОПСКО “, создадена за уживање, дружење и опуштени моменти.

zavrshi-golemata-nagradna-igra-na-skopsko-dodelen-dzhipot-za-kampuvanje-01.JPG

Наградната игра „Скопско за уживање. Награди за опуштање.“ траеше од 25 мај до 21 јуни и за прв пат се реализираше преку апликацијата „СКОПСКО “, каде што учесниците имаа шанса да освојат дневни, неделни и главна награда.

Среќниот добитник Ристо Проданов, беше извлечен во понеделникот и својата награда ја подигна во Пивара Скопје, во атмосфера што ја заокружи целата приказна на играта, уживање, заедништво и авантура:

“Чувството е неописливо. Не ми се веруваше, но сега видов дека е вистинa и реалност. На сите ви посакувам многу среќа - верувајте и уживајте во Скопско. Никогаш не знаете кога среќата ќе ви се насмее.”

zavrshi-golemata-nagradna-igra-na-skopsko-dodelen-dzhipot-za-kampuvanje-02.JPG

Главната награда, џип за кампување со монтажен шатор, беше официјално доделена од генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ.

„Скопско не е само бренд и пиво, тоа е искуство што ги поврзува луѓето. Токму затоа не следиме трендови, туку создаваме моменти што остануваат, што се паметат и се делат со другите. Преку оваа наградна игра уште еднаш покажуваме дека сме таму каде што се создава вистинската радост, а секоја ваква награда е благодарност до оние што не избираат секој ден.
Денес не славиме само добитник, славиме доверба, заедништво и генерации што живеат со Скопско. Ристо е доказ дека приказната продолжува. Честитки и ти благодариме што заедно создаваме моменти што се паметат. „

zavrshi-golemata-nagradna-igra-na-skopsko-dodelen-dzhipot-za-kampuvanje-03.JPG

Со својот нов џип за кампување, среќниот добитник добива можност за многу нови патувања и километри опуштање, низ дестинации во Македонија и пошироко.

Покрај главната награда, „СКОПСКО“додели и бројни награди за вистинско опуштање и забава како конзоли за играње, маси за фудбал, филмски сетови со проектор и машина за пуканки, сетови за скара и сетови за плажа.

zavrshi-golemata-nagradna-igra-na-skopsko-dodelen-dzhipot-za-kampuvanje-04.JPG

„СКОПСКО“ им се заблагодарува на сите учесници и уште еднаш потсетува:
Скопско и сè е можно!

Најчитани неделава