Во Скопје откриени мистериозни дестинации?

Се сеќавате ли на монолитите што секојдневно ги наоѓаа на различни локации низ светот?

vo-skopje-otkrieni-misteriozni-destinacii-01.jpg

И покрај сите теории и размена на мислења, загатката никогаш не се разреши докрај, а деновиве скопјани се соочуваат со уште една сосема поинаква мистерија. Социјалните мрежи вријат, а, се разбира, најактивни се инфлуенсерите, но сега засега дури ни најљубопитните следбеници не успеваат да ја разрешат.

Станува збор за неколку локации наречени Дестинации 0.0, кои лесно може да ги најдете и да ги зачувате на „Google Maps“, но не се открива што има на обележаното место. Со надеж дека први ќе ви пренесеме, нашиот новинарски тим посети неколку од локациите обидувајќи се да добие одговор на нашето, а веруваме и ваше прашање.

vo-skopje-otkrieni-misteriozni-destinacii-02.jpg

Ги вклучивме нашите најизострени новинарски сетила и одевме од дестинација до дестинација, од бензинска станица, места за паркинг, парк, па сè до плоштад, но не најдовме одговор.

Се обидовме да ги контактираме и нашите инфлуенсери што постојано одбројуваат до конечната објава за Дестинации 0.0 на своите профили, меѓутоа и тој обид беше безуспешен, а и истоименуваниот Инстаграм профил кој „никна“ овие денови @destination0.0 не кажува нешто многу за мистериозните дестинации. Изгледа дека сепак ќе мора да го почекаме денот „Д“, 13.02.21, кога конечно ќе се разреши мистеријата зад Дестинации 0.0.

vo-skopje-otkrieni-misteriozni-destinacii-03.jpg

Доколку вашата, но и нашата љубопитност не мирува, нашиот совет е да се обидете и вие да дознаете нешто повеќе за Дестинации 0.0. Зачувајте ги и посетете ги локациите означени со Дестинации 0.0 на „Google Maps“ и слободно почнете да истражувате.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg