БЕСТ Скопје - Ѕвезда водилка низ студентските денови

Дали ѕвездите можат да ти го покажат вистинскиот пат кон следниот нов и возбудлив предизвик? Одговорот на тоа прашање е - ДА, а следниот чекор е надоградување на твојот студентски живот!

best-skopje-dzvezda-vodilka-niz-studentskite-denovi01.jpg

Во вакви непредвидливи времиња многу е лесно да го изгубиме патот и да не сме сигурни за иднината. „Што ми преостаува на мене како студент? Каде е иднината и каде се студентските денови?“ Ова се дел од најчестите прашања за кои се плашиме дека нема одговор.

Пронајди ја твојата сигурност во овие несигурни времиња, а ѕвезда водилка кон една подобра иднина може да ти биде токму студентската организација БЕСТ Скопје.

Борд на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ Скопје) е невладина, непрофитна, студентска организација која придонесува кон личниот и академскиот развојот на студентите од техничкиот кампус.

Покрај личниот развој, БЕСТ на студентите им нуди многу нови можности и нови вештини кои се единствено карактеристични за една студентска организација.

Меѓутоа, она што ја прави организацијата БЕСТ вистинската ѕвезда над ѕведите, е можноста за вмрежување со студенти од 93 различни Европски универзитети, како и средината за академско надоградување која е изградена на база на главните вредности на организацијата: забава, пријателство, учење, флексибилност и подобрување на сопствените вештини. Доколку тоа звучи на твојот нареден предизвик, не двоуми се понатаму!

Овој Февруари приклучи се кон пролетната регрутација на нови членови и откриј едно ново поглавје од твојот студентски живот.

Сѐ што треба да направиш е да се пријавиш тука: Информативен состанок за нови членови - БЕСТ Скопје (google.com) и да се вклучиш на 25.02.2021 во 20:00 кој ќе се одржи во виртуелна средина, на платформата Zoom.

Направи го првиот чекор кон подобри и поисполнети студентски денови.

Дозволи БЕСТ да те води кон многубројните можности и исксутва и заблескај во посебен сјај.

За повеќе информации следете нѐ на социјалните медиуми:

Instagram

Facebook

LinkedIn

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg