Galeksia стана еден од 4те најдобри партнери на најголемиот Digital Marketing Institute во светот

Минатата седмица, на 24ти февруари 2021ва, најголемиот Институт за Дигитален Маркетинг во светот со главни седишта во Ирска и САД ги прогласи своите 4 најуспешни Platinum Partners во светот.

galeksia-stana-eden-od-4te-najdobri-partneri-na-najgolemiot-digital-marketing-institute-vo-svetot-01.jpg

Galeksia – првиот и единствен Институт за Дигитален Маркетинг во нашата држава ја доби оваа престижна Platinum Partner награда, како еден од 4те најдобри партнери на DMI во светот.

Во изборот учествуваа над 100 глобални партнери на Digital Marketing Institute, од кои само 4 беа одбрани за најдобри, платинум партнери. Главните критериуми за избор на овие престижни награди го вклучуваат квалитетот на наставата, експертизата на менторите, процентот на задоволство на учесниците на програмите и процентот на учесници кои успешно го положуваат испитот за светски признат сертификат.

За помалку од една година постоење, Galeksia едуцираше и сертифицираше точно 91 професионалец во областа на Дигитален Маркетинг, а оствари успешни партнерски соработки со некои од најдобрите компании кај нас, како што се Божиновски часовници и накит, Вива Сокови, Нептун, Халк Банка и Авалон продукција.

Иако компанијата беше основана во време на пандемија, Galeksia за многу краток период ја покажа својата професионалност и експертиза во неформалната едукација за Дигитален Маркетинг, за што залужено се стекна со називот Platinum Partner на Digital Marketing Institute. Сите предавања се прилагодени за он-лајн учење од самиот старт, со цел да се запази безбедноста на учесниците. Предавањата се одржуваат во мали групи, со цел да се одржи квалитетот на наставата на едно високо и професионално ниво.

„Се гордеам со целиот тим на професионалци со кои соработувавме во изминатава година, а уште повеќе се гордеам со сите наши учесници на програмите кои се стекнаа со светски признат сертификат за дигитален маркетинг. Нашата цел со Galeksia е да го подигнеме нивото на неформалната едукација за дигитален маркетинг кај нас, со што освен светски признатиот сертификат, ќе им овозможиме на нашите студенти да се стекнат со глобално применливо знаење кое ќе можат да го искористат во секое поле од нивниот личен и професионален раст.

Особено ме радува фактот што најголем дел од нашите учесници се веќе успешни професионалци, менаџери и сопственици на бизниси, што е јасен знак дека ја препознаваат вредноста која ја овозможуваме со нашите програми. Програмите се соодветни и за почетници и за професионалци кои веќе имаат некое познавање за дигитален маркетинг, така што ги покануваме сите ентузијасти за дигитален маркетинг да ни се приклучат и да го прошират своето знаење со глобално призната програма. “ – вели Теодора Филовска, основач и сопственик на Galeksia.

index.jpg

Galeksia овозможува едукација за 5 различни програми за дигитален маркетинг, од која најпрепознатлива е програмата за Professional Diploma in Digital Marketing.

Сите програми кои се изучуваат на Galeksia се креирани и одобрени од најуспешните компании и професионалци во светот: Facebook, Google, LinkedIn, CocaCola, IBM, Microsoft и многу други, кои се лидери во дигиталната трансформација на глобално ниво.

Програмата за Professional Diploma in Digital Marketing опфаќа 10 различни модули кои им овозможуваат на учесниците да се стекнат со применливо знаење од најважните области во дигиталниот маркетинг и да бидат подготвени истото да го применат на светско ниво, без разлика дали работат за домашен или странски пазар.

По завршувањето на програмата, секој учесник полага за светски признат сертификат кој го издава најголемото сертификационо тело за он-лајн тестирање во светот – Pearson VUE.

galeksia-stana-eden-od-4te-najdobri-partneri-na-najgolemiot-digital-marketing-institute-vo-svetot-03.jpg

Меѓу дополнителните вредности по кои програмите на Galeksia се издвојуваат од останатите во нашата држава е пристапот до глобалната платформа на Digital Marketing Institute кој го добиваат сите учесници на било која програма на Galeksia. На оваа платформа има над 120.000 активни членови од целиот свет, а студентите на Galeksia добиваат пристап до ексклузивни дополнителни материјали за учење, кои вклучуваат дополнителни бесплатни курсеви, темплејти, алатки, е-книги, вебинари и подкасти, кои им овозможуваат на учесниците да го продолжат своето образование и по стекнувањето на глобално призната диплома.

Уписите за новата група во март се веќе во тек, за повеќе информации кликнете на овој линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg