Жито Лукс инвестира во модернизација на производната линија

(Скопје, 03.03.2021) – Жито Лукс реализира нова инвестиција во фабриката за производство на леб. Компанијата инсталираше нова, современа технолошка опрема за пакување на тост лебовите на парчиња.

zhito-luks-investira-vo-modernizacija-na-proizvodnata-linija-01.jpg

Целта е модернизација на процесот, но и унапредување на квалитетот и зголемување на безбедноста на производот. Потрошувачите ќе може да ја забележат промената деновиве. Примената на новата технолошка опрема, исто така, ќе го зголеми и капацитетот на производство во оваа растечка категорија.

“Со инвестициите што ги спроведуваме во последните неколку месеци, правиме големи чекори напред во обезбедување ефикасност и одржливост на нашата компанија. Со оваа нова инвестиција, ги надградуваме нашите стандарди во создавање модерен, попрактичен и безбедно спакуван тост леб на парчиња, со врвен квалитет, сѐ со цел да одговориме на барањата на потрошувачите, што е и наш приоритет. Овие инвестиции се реализираат во тешки и предизвикувачки времиња за целото општество и светската економија и јасно го прикажуваат духот на луѓето во нашата компанија, за што сме многу горди”, велат од менаџментот на Жито Лукс.

Ова е втора голема инвестиција во Жито Лукс што следи по неодамнешната модернизација на производството со целосна дигитализација и автоматизација на дистрибуцијата на брашно во фабриката за леб. Сите инвестиции кои ги спроведе Жито Лукс во последните години се во насока на растење и развивање на компанијата, а истите придонесоа за поголем квалитет, зголемување на производните капацитети и палетата производи со цел да се одговори на растечката потреба на пазарот и барањата на потрошувачите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg