EESTEC Academy модул 3: Front-end

EESTEC Academy, организиран од студентската организација EESTEC LC Skopje, е настан со неколкугодишна традиција, кој годинава поради пандемијата со Covid-19 се одржува онлајн. Академијата претставува серија од кратки обуки на актуелни теми од техничката област. 

eestec-academy-modul-3-front-end-01.jpg

Главна цел на настанот е да им се овозможи на студентите, паралелно со нивните студии, да добијат дополнително знаење и вештини кои ќе им отворат нови перспективи во нивниот понатамошен професионален развој. Учеството на академијата е целосно бесплатно.

Третиот модул на ова издание ќе ја опфати актуелната тема Front-end, вклучувајќи два подмодули на тема React и Angular. Mодулот ќе биде организиран во период од два викенда, каде првиот подмодул на тема React ќе се одржи на 12 - 14 март. Формата за пријавување за React е отворена до 8ми март, 23:59 часот и може да се најде на овој линк.

Подмодулот за Angular ќе се реализира една недела подоцна, односно на 19 - 21ви март. Формата за пријавување за вториот подмодул е отворена до 15ти март, 23:59 часот и може да се најде на следниот линк.

Првиот модул од EESTEC Academy успешно се одржа на 28ми и 29ти ноември во соработка со Машински факултет Скопје (МФС). Повеќе од 50 учесници имаа можност да научат повеќе за светски познатиот микроконтролер Ардуино преку предавања од професори од Машински факултет Скопје.

Вториот модул беше одржан во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), на 25ти и 26ти декември, со присуство на повеќе од 50 учесници. Овој модул претставуваше одлична прилика за учесниците да се подобрат себеси и да научат повеќе за темата Енергија и одржлив развој, преку предавања на искусни професори од ФЕИТ.

Тековниот трет модул претставува одлична прилика за сите коишто сакаат да се стекнат со практично знаeње за оваа тема, преку предавања на одбрани експерти во дадената област.

За повеќе информации можете да ја следите Facebook страната на EESTEC Academy.

Ги охрабруваме сите заинтересирани за оваа област да се пријават и да го прошират своето знаење! Осмели се да научиш повеќе!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg