Врвна обука за развој на бизнис и претприемништво: Отворен повик за 13-то издание на ЛИДЕР проект

Дали имате бизнис идеја, но не знаете дали сте на вистинскиот пат? Дали ви треба практично знаење  и искуство за подобрување на вашата деловна активност? Научете ги сите чекори за започнување и водење успешен бизнис. Аплицирајте за обуката за развој на деловни активности и претприемништво – проектот ЛИДЕР.

vrvna-obuka-za-razvoj-na-biznis-i-pretpriemnishtvo-otvoren-povik-za-13-to-izdanie-na-lider-proekt-01.jpg

Македонија2025 објавува отворен повик за ЛИДЕР проектот кој по 13-ти пат ќе се одржи од 10-ти до 21-ви мај 2021 година во Скопје. Проектот го реализираме во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат програмата уште од 1991-та година. Оваа програма претставува десетдневна MBA (Management and Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија, кои ќе создадат нови можности за социјален и економски општествен развој.

Претприемачите ќе имаат можност да ги развијат своите аналитички вештини и во целост да го развијат чувството за бизнис. Покрај тоа, претприемачите ќе можат одблизу да работат со инструкторите од ЛИДЕР проектот, со цел да ги претворат своите идеи во реални бизниси на пазарот или пак да воведат новитети во работењето на својот веќе постоечки бизнис. Без разлика на која група припаѓате, ЛИДЕР проектот ќе ви помогне да стигнете чекор поблиску до реализирање на вашите цели!

Целна група (до 35 години):

  • Претприемачи
  • Менаџери
  • Сопственици на компанија
  • Млади професионалци кои сакаат својата бизнис идеја да ја претворат во реалност
  • Сите кои се заинтересирани да ги продлабочат своите знаења од сферата на бизнисот и претприемништвото

Критериуми за учество на програмата:

  • Одлично познавање на Англискиот јазик
  • Солидни комуникациски и презентациски вештини
  • Поседување добра бизнис идеја или бизнис со потенцијал за раст
  • Љубопитност за стекнување нови знаења и желба за унапредување на нечија деловна идеја или постоечка дејност
  • Целосна посветеност и присуство секој работен ден (четири часа) во текот на двонеделната обука

Клучни придобивки:

  • Ќе ги научите потребните вештини и алатки за правилно водење на бизнисот преку интерактивниот метод на учење со „студии на случај“.
  • Ќе се стекнете со корисни знаења и вештини за секоја фаза од развој на бизнисот, поврзани со изработка на стратегија, оператива, финансии, маркетинг, промоција, продажба и развој.
  • Ќе имате можност да ги идентификувате најголемите пречки во работењето на вашиот бизнис, во соработка со инструкторите.
  • По завршување на предавањата, кандидатите ќе имаат можност за индивидуална менторска сесија со некој од инструкторите.

Предавањата ги подготвуваат високо квалификувани инструктори и ментори од Ivey Business School – Western University од Канада.

Модел за испорака на програмата:

Поради неизвесноста со Ковид-19 пандемијата, организаторот се обврзува да обезбеди ВИРТУЕЛНА опција за одржување  на програмата. Односно да бидете поконкретни, инструкторите ќе ја доставуваат програмата виртуелно, додека и од учесниците ќе се очекува виртуелна (онлајн) вклученост во програмата.

Програмата ќе испорача десет (10) четиричасовни сесии. Секоја сесија вклучува една (1) студија на случај, едно (1) предавање и еден (1) час обука за претприемништво.

Време и место на одржување:

Оваа година, ЛИДЕР проектот ќе се одржи од 10-ти до 21-ви мај, 2021.

Предавањата во склоп на ЛИДЕР проектот, ќе се одвиваат секој работен ден (4 часа на ден).

vrvna-obuka-za-razvoj-na-biznis-i-pretpriemnishtvo-otvoren-povik-za-13-to-izdanie-na-lider-proekt02.jpg

Начин на аплицирање:

За да аплицирате, испратете ги следните документи на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.:

  • Пополнета апликација, достапна на следниот линк ОВДЕ.
  • Кратка биографија на англиски јазик – CV Europass или слична форма
  • Описна биографија до 2000 зборови (на англиски јазик)
  • Фотографија во боја

Процес на селекција:

  • Административна проверка на апликации од страна на Македонија2025
  • Избор на финални учесници од страна на стручна комисија до 20-ти април, 2021 год.
  • Известување за сите избрани кандидати до 25-ти април, 2021 год.
  • Испраќање на потребните материјали за учество најдоцна до 5-ти мај, 2021 год.

Надомест за учество:

За проектот ЛИДЕР – десетдневна обука за управување и деловна администрација (МБА) Македонија2025 ќе додели стипендии во вредност од 450 евра (по лице).

Надоместокот за учество НЕ е предвиден.

Важни напомени:

Сертификати ќе бидат доделени само на оние учесници, кои ќе присуствуваат на минимум осум денови од обуката.

Во зависност од квалитетот на примените апликации, бројот на стипендии може да се разликува од оној во претходните години.

Како наши корисници, во иднина очекуваме активно да се вклучите во некои од програмите и активностите на Македонија2025.

По одреден период од завршувањето на програмата, од корисниците исто така се бара да спроведат истражување за влијанието на обуката врз нивниот бизнис или во развојот на нивната деловна идеја.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg