Најбарани наслови на онлајн саемот на KNIGA.MK

Од 19.04. виртуелните нарачки се претвораат во реални книги. И таа магија ќе трае! На онлајн саемот на kniga.mk веќе со денови ве очекува новото дигитално искуство, кое продолжува да ве изненадува со богат книжевен избор.

BeFunky collage 84

Дали знаете кои се најбараните саемски наслови досега? Мураками е несомнено еден од најпосакуваните, почнувајќи од неговите мемоари за трчањето, низ метафизичките искуства на ликовите од „Кафка на брегот“ и „Убиството на Командантот“, сè до искушенијата што се претвораат во животни лекции на младиот Тору Ватанабе во „Норвешка шума“.

Меѓу бараните автори е и култниот Џорџ Орвел, без чие име не може да се замисли современата литература. Голем број од читателите се впуштија во потрага по духовната вистина, движејќи се од јапонската тајна за среќен живот што ни ја открива Миралјес до тајните на јогинот Садгуру и алхемичарот Коелјо. Придружете им се и вие!

Онлајн саемското искуство продолжува! Се конектираме – читателски на kniga.mk! Не пропуштајте да бидете дел од првиот виртуелен саем кој е во својот полн ек. Ако сè уште не сте впловиле во ова искуство, тоа можете да го сторите до крајот на неделата, 30 април. Овие и уште многу други книжевни предлози заслужуваат да се најдат на вашите полици – тие се вредни препораки од читатели за читатели!

BeFunky collage 81

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg