Здрави и вкусни идеи за ужинка за вашите најмили

Во време кога е исклучително важно да ги внесуваме потребните витамини и хранливи материи, исто така треба да внимаваме нашите најмали да консумираат храна богата со витамини и минерали кои се од клучна улога за нивниот правилен раст и развој.

zdravi-i-vkusni-idei-za-uzhinka-za-vashite-najmili-01.jpg

Кога станува збор за исхрана кај децата, не е секогаш лесно да ги внесат хранливите состојки во текот на денот, па затоа Жито Лукс го лансираше извонредниот Тости – леб со вкус на путер и ванила што го прави совршено примамлив за децата. Лебот содржи витамин Д, железо и калциум кои се задолжителни за секоја здрава и балансирана исхрана, потребни за цврсти коски, здрави заби, силен имунолошки систем и повеќе енергија.

Вкусната и здрава храна кога е во комбинација со уште повкусно парче леб може да биде многу нутритивна. Намазите од зеленчук и овошје совршено се комбинираат со ваквите парчиња леб и претставуваат комбинација на здравје и вкус. Еве неколку примери како совршено да го комбинирате омилениот Тости леб за вашите најмали.

Нутела-малина појадок

Потребни состојки:

  • Тости леб
  • 100 гр малини или јагоди (свежи или замрзнати)
  • Нутела крем
  • Плазма

Малините ставете ги во блендер (доколку се замрзнати тогаш оставете да се одмрзнат) и изблендајте. На парче од лебот Тости намачкајте Нутела, одозгора ставете го намазот од малина и ставете плазма. Уживајте во слатко-освежувачкиот појадок.

Крцкав чизи сендвич

Потребни состојки:

  • Тости леб
  • Намаз од топено сирење (или кашкавал по избор)
  • Шунка (или сувомеснато по избор)
  • Оригано

Намачкајте ги Тости парчињата со топеното сирење од внатрешните страни (доколку користите кашкавал ставете повеќе парчиња), помеѓу ставете шунка или сувомеснато по избор и посипете со малку оригано, по избор. Ставете го на тост 2 минути и пресечете на половина. Овој сендвич е, исто така, совршен за роденденските забави на вашите дечиња.

Италијански Junior појадок

Потребни состојки:

  • Тости леб
  • Моцарела
  • Домат
  • Беби спанаќ или рукола
  • Песто

Намачкајте го едното парче Тости со тенок слој песто, исечкајте ги доматот и моцарелата на тенки кругови и ставете на парчето кое претходно го намачкавте со песто. Ставете беби спанаќ или рукола. Децата уживаат во овој појадок и истовремено ги внесуваат хранливите материи за ден полн со енергија. Добар апетит!

zdravi-i-vkusni-idei-za-uzhinka-za-vashite-najmili-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg