Свеж изглед со ист и мирис и вкус - Врвен квалитет во ново, освежено пакување!

Пролетта е идеално време за новитети, а овојпат таа ни носи освежување во вид на редизајнирано пакување на производите од богатото портфолио на Гранд кафе!

svezh-izgled-so-ist-i-miris-i-vkus-vrven-kvalitet-vo-novo-osvezheno-pakuvanje-01.jpg

Свеж изглед на пакувањето, а истиот и мирис и вкус, како и врвниот квалитет на кој сте навикнати, ќе го направи целосно уживањето во совршената шолја кафе. Благодарение на широката понуда на вкусови на Гранд кафе, секој може да го пронајде токму она што најмногу му одговора!

Ако одбирате класика, која е секогаш во мода, и проверените безвременски вредности, вистинскиот избор за вас е кафето Grand Gold, кое претставува селекција од внимателно одбрани, средно пржени зрна кафе, мелени на традиционалниот метод со камени млинови. На тој начин се ослободуваат етерични масла кои даваат полност на вкусот, богата текстура, пена и интензивна арома. Кафето Grand Golg е наменето за секојдневно уживање во препознатливиот мирис и вкус, со кој ќе создадете нови заеднички спомени и семејни ритуали.

svezh-izgled-so-ist-i-miris-i-vkus-vrven-kvalitet-vo-novo-osvezheno-pakuvanje-02.jpg

Вашето омилено Grand Aroma, идеално за чувството на целосно уживање, од сега исто така можете да го пронајдете во ново, редизајнирано пакување. Својата префинетост ѝ ја должи на мешавината од специјално одбрани, средни до силно пржени зрна кафе, која ви носи питок и сензуално ароматичен вкус. За утринското будење и „мојот момент“ или за попладневно дружење со драгите личности, Grand Aroma е секогаш вистинскиот избор.

svezh-izgled-so-ist-i-miris-i-vkus-vrven-kvalitet-vo-novo-osvezheno-pakuvanje-03.jpg

За сите оние кои сакаат посилен вкус и дополнителна енергија која ќе ве покрене во акција, вистинскиот избор е Grand Strong. Посилно пржена и мелена на камени млинови, Grand Strong ги исполнува очекувањата дури и на најпребирливите љубители на кафе кои се во потрага по силно, но сепак питко кафе, со вистинска горчина, полност и препознатлива темно кафена боја.

svezh-izgled-so-ist-i-miris-i-vkus-vrven-kvalitet-vo-novo-osvezheno-pakuvanje-04.jpg

Препознатливиот вкус на моќно или нежно, питко или префинето, слатко или горко кафе, одберете врвни - и мирис и вкус од вашето омилено Grand кафе и уживајте во единственото искуство кое тоа ви го нуди! Новиот изглед на производите кои секогаш се дел од вашиот дом ќе ја освежат вашата кујна и дополнително ќе го засилат искуството на пиење кафе во секој момент. Затоа, ајде секој ден да имаме време за заедничка шолја кафе и за оние вистински работи кои го прават животот поубав.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg