Донесете ја Италија на вашата трпеза – неодоливи сирења за вкусни мезиња, само во Delicatessen Tinex


Донесете ја Италија на вашата трпеза – неодоливи сирења за вкусни мезиња, само во Delicatessen Tinex

Delicatessen Tinex е гурмет концепт на брендот Тинекс, а станува збор за маркет наменет за вистинските љубители на храна каде можете да најдете богат избор на специјално одбрани деликатеси и пијалаци од целиот свет за вистинско гастрономско уживање.

donesete-ja-italija-na-vashata-trpeza-neodolivi-sirenja-za-vkusni-mezinja-samo-vo-delicatessen-tinex-01.jpg

Широката палета на странски брендови кои произведуваат сирења, сувомеснати производи и вина, на момент ја носат италијанската, француската и шпанската кујна на вашата трпеза, преку производите кои може да се најдат во Delicatessen Tinex.

donesete-ja-italija-na-vashata-trpeza-neodolivi-sirenja-za-vkusni-mezinja-samo-vo-delicatessen-tinex-07.jpg

Вистинските гурмани кои знаат да го ценат квалитетот на храната нема да останат рамнодушни на големиот избор деликатеси, па неодоливиот мирис кој се шири низ маркетот, ќе ве натера да посакате да ја наполните трпезата со специјалитети направени од вкусните сирења и сувомеснати производи.

Покрај широката палета на странски производи кои ги увезува Delicatessen Tinex, во маркетот ќе наидете и на љубезни продавачи кои ќе ви објаснат што и да ве интересира за деликатесите, а ние имавме можност да го искусиме тоа.

donesete-ja-italija-na-vashata-trpeza-neodolivi-sirenja-za-vkusni-mezinja-samo-vo-delicatessen-tinex-11.jpg

Според она што имавме можност да го видиме, Македонците имаат истенчен вкус и знаат да препознаат вистински квалитет, но има и многумина кои имаат желба да пробаат нешто ново и да научат нешто повеќе за вкусните деликатеси кои ретко може да се најдат на други места.

Кога станува збор за сирења, италијанскиот бренд Ciresa е еден од најквалитетните, а во Delicatessen Tinex ќе најдете широка лепеза производи кои задолжително треба да ги пробате и да си подарите гастрономско уживање.

donesete-ja-italija-na-vashata-trpeza-neodolivi-sirenja-za-vkusni-mezinja-samo-vo-delicatessen-tinex-09.jpg

Ако посакувате на вашата трпеза да направите „фенси“ специјалитети како на Инстаграм фотките и да ги оставите гостите со подзинати усти, во Delicatessen Tinex ќе ги најдете потребните деликатеси кои ќе ви помогнат во тоа.

donesete-ja-italija-na-vashata-trpeza-neodolivi-sirenja-za-vkusni-mezinja-samo-vo-delicatessen-tinex-10.jpg

Во асортиманот на Delicatessen Tinex ќе ги пронајдете следните производи на Ciresa, кои ќе го задоволат вкусот и на најпребирливите купувачи, a потрагата по нови производи, не застанува.

  • Gorgonzola DOP
  • Gorgonzola DOP Piccante
  • Mozzarella di Bufala Campana Tartufina
  • Mozzarella Cour di Burrata / Stracciatella
  • Blu di Capra
  • Mascarpone
  • Quartirolo Lombardo DOP
  • Mozzarella
  • Mozzarella Fior di Latte

Од љубезните продавачи, но и од објавите на социјалните мрежи на Delicatessen Tinex, може да научите многу повеќе за овие типови сирења и да го збогатите вашето гастрономско знаење.

Stracciatella

Straciatella е срцето на Burrata без надворешната обвивка на моцарелата. Префинет кремаст, нежен и свеж вкус за сите големи гурмани.

donesete-ja-italija-na-vashata-trpeza-neodolivi-sirenja-za-vkusni-mezinja-samo-vo-delicatessen-tinex--02.jpg

Blu di Capra

Blu di Capra е уште еден деликатес од Ciresa. Козјо сирење со зеленикаво сини вени кои се раширени низ текстурата.

По зреењето, ова сирење развива интензивен вкус, малку пикантен, но исто така многу хармоничен.

donesete-ja-italija-na-vashata-trpeza-neodolivi-sirenja-za-vkusni-mezinja-samo-vo-delicatessen-tinex--04.jpg

Mozzarella Fior Di Latte

Mozzarella Fior Di Latte е полумеко свежо сирење направено во стилот на вистинската италијанска моцарела.

Ова кравјо сирење има заострен вкус, со еластична текстура, а Италијаните го користат најчесто за пица, поради неговите врвни карактеристики на топење.

donesete-ja-italija-na-vashata-trpeza-neodolivi-sirenja-za-vkusni-mezinja-samo-vo-delicatessen-tinex--05.jpg

Mozzarella di Bufala Campana Tartufina

Има ли поубава комбинација на уникатни и префинети вкусови?! Ова сирење има мека, еластична текстура, со бела порцеланска боја и карактеристична деликатна арома на свежо млеко и црн тартуф.

donesete-ja-italija-na-vashata-trpeza-neodolivi-sirenja-za-vkusni-mezinja-samo-vo-delicatessen-tinex--03.jpg

Следете ги Delicatessen Tinex на Фејсбук и Инстаграм и задолжително посетете ги маркетите и наполнете ја трпезата со најквалитетните сирења на Ciresa. 

Delicatessen Tinex може да го најдете на три локации во Скопје:

- Беко - ул. Даме Груев бр.14

- Буњаковец - бул. Партизански одреди бр.18

- Водно - ул. Питу Гули бр.59

donesete-ja-italija-na-vashata-trpeza-neodolivi-sirenja-za-vkusni-mezinja-samo-vo-delicatessen-tinex-12.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg