Конкурс за најдобар расказ на тема: Инклузија – сите деца се исти

Скопје, 13.10.2021, По повод октомври - месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје и штедливото слонче Халки објавуваат конкурс за најдобар расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти“.

konkurs-za-najdobar-raskaz-na-tema-inkluzija-site-deca-se-isti-01.JPG

Право на учество имаат деца од 7 до 12 години, а конкурсот ќе трае до 31 октомври. Расказите испраќајте ги на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со назнака „Конкурс за најдобар расказ”.

За испратените раскази ќе одлучува стручна комисија составена од двајца книжевници и еден претставник од Халкбанк АД Скопје.

Наградата се состои од детска штедна книшка со вредност од 3.000 денари.

Условите за учество можете да ги најдете на следниов линк

- Слончето Халки не е само симбол на детското штедење, туку и вистински другар на сите деца, гласноговорник за нивните права. Ликот на Халки е резултат и на опшествената одговорност на Халкбанк АД Скопје која се залага и за здрава животна средина, инклузија и квалитетно образование на сите деца, преку активности кои не се наменети само за финансиска едукација. По успешните конкурси за ликовни творби на тема: „Здрава животна средина“ и „Илустрирај ја татковината“ реализирaни годинава, како и по проектот во месец мај кога слончето Халки ги едуцираше децата за тема инклузија, овој пат ќе го наградиме најдобриот расказ на тема „Инклузија - сите деца се исти“  – информира Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

konkurs-za-najdobar-raskaz-na-tema-inkluzija-site-deca-se-isti-02.JPG

Во месецот на штедењето – октомври, Халкбанк АД Скопје се фокусира токму на децата.  Активностите започнаа со промоција на детското штедење - Халки и промотивните каматни стапки кои се движат до 1.7 отсто за штедење во денари, односно до 1.2 отсто за штедење во евра на рок од 60 месеци, а ќе биде заокружен со промоција на  ексклузивната „Сликовница на Халки“. Средствата од продажбата на сликовницата ќе бидат наменети во хуманитарни цели

Повеќе инфо за детското штедење - Халки ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg