Кога би бил музика, Нови Сад би бил џез - дознајте и зошто!

На местото  каде што е Дунав толку убав, па секој освојувач посакал да го има, на питомиот плоден брег на кој со векови успеваат, не само сите видови на флора, туку и извонредни луѓе, поднебјето кое му пркоси на секое безпричинско брзање и го негува трпението како доблест, сместена е големата инспирација на поетите и музичарите  – божествениот Нови Сад.

koga-bi-bil-muzika-novi-sad-bi-bil-djez-doznajte-i-zoshto-01.jpgфото: Александар Милутиновиќ / Поглед на градот

Кога Нови Сад би бил музика, веројатно би бил џез, бидејќи ниту еден друг жанр не би можел да ги обедини сите ритмови што се преплетуваат по неговите калдрми, Тврдината, Штрандот, парковите... Тука би се слушнал малку саксофон од неговите култни бендови, па малку никогаш незаборавените тамбури, па нежните гитари на уличните свирачи, па жестоките тапани од Тврдината...

Летото е годишно време во текот на кое Нови Сад дишe со полни бели дробови и го открива својот полн сјај. Со многу настани на отворено и бројни случки, како во центарот така и во останатите делови на градот, ве очекуваат интересни работи било да сте ги планирале, или сте налетале на нив случајно. 

koga-bi-bil-muzika-novi-sad-bi-bil-djez-doznajte-i-zoshto02.jpgфото: Александар Милутиновиќ / Поглед на тврдината

На енергијата на градот и допринесуваат и големиот број на туристи од различни земји, кои во текот на летото прават вистинска мала инвазија на војводинската престолнина. Фестивалската атмосфера на улиците на Нови Сад почнува веќе со првите летни денови и трае се до последните срамежливи сончеви зраци.

Прв настан со кој Нови Сад втрчува во летото е Нoќниот маратон и бадминтон куп Serbian U17 & Youth International. Јули ни е традиционално резервиран за музичкиот фестивал EXIT, кој оваа година се одржува под паролата „Заедно. Засекогаш“ и трае од 7. до 10. Јули. На него му претходи Blokstok рок фестивал во Железничкиот парк

koga-bi-bil-muzika-novi-sad-bi-bil-djez-doznajte-i-zoshto-03.jpgфото: ЕXIT promo

Aвгуст повикува на танцување! На манифестациите Нови Сад – Tанго град и Фестивал на улични свирачи, ќе им претходи Taмбурица фест, кој ја афирмира тамбурашката музика.

koga-bi-bil-muzika-novi-sad-bi-bil-djez-doznajte-i-zoshto-04.jpgфото: Александар Милутиновиќ / Тамбурица фест

Септември, како увертира во есенските манифестации, ни донесува, Kaлеидоскоп на култура, фестивалот Вкусовите на Војводина и се завршува со Meѓународниот саем на лов и риболов „LORIST“.

koga-bi-bil-muzika-novi-sad-bi-bil-djez-doznajte-i-zoshto-07.JPGфото: Александар Милутиновиќ/ Вкусовите на Војводина

koga-bi-bil-muzika-novi-sad-bi-bil-djez-doznajte-i-zoshto-05.jpgфото: Александар Милутиновиќ / Културна станица Свилара

Oва е исто така период на жештина, дунавски брегови, чарди и потсетување дека Нови Сад е – „Српска Атина“, град Европска престолнина на културата и адреса на најважните културно – просветни институции кај Србите – Maтица српска.

koga-bi-bil-muzika-novi-sad-bi-bil-djez-doznajte-i-zoshto-06.jpgфото: Александар Милутиновиќ / Градска плажа Штранд

Летото е вистинско време да ги посетиме музеите и галериите на „Српската Атина“ и во пријатната ладовина, надвор од вревата и спарината,  да се присетиме дека сме одамна дел од средна Еврепа. На бројните автентични културни станици , кои полека и сигурно стануваат нов простор на културата во Нови Сад, посетителите ќе можат да присуствуваат и учествуваат во создавањето на многу културни содржини во текот на целата година.

Tуристичка организација на Градот Нови Сад

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg