Стипендијата на ИутеКредит и Американ Колеџ – инвестиција во знаење и подобра иднина

Верица Гелевска е стипендист на ИутеКредит Македонија на Универзиетот Американ Колеџ во Скопје. Таа во моментов ги завршува постдипломските студии на отсекот Финансии и Банкарство. Верица е голем вљубеник во светот на финансиите, а можноста која ја доби со оваа стипендија и отвора уште многу можности да се надогради и самоуверено да зачекори кон уште повеќе нови предизвици.

stipendijata-na-iutekredit-i-amerikan-koledzh-investicija-vo-znaenje-i-podobra-idnina-01.jpg

Во моментов, ИутеКредит Македонија има отворен повик за пријава на сите заинтересирани за стипендија на Американ Колеџ, отсек Банкарство и Финансии. Повеќе детали за стипендијата и условите може да се најдат ТУКА.

Здраво Верица, како би ја опишала твојата прва академска година на магистерската програма за Финансии и Банкарство на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје?

Мојата прва година на магистерската програма за Финансии и Банкарство на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје би ја опишала како плодна и многу успешна академска година, исполнета со бројни активности, новостекнати знаења и искуства, проследена со континуирано чувство на исполнетост и среќа а пред се голема благодарност за можноста која ми пружи Iutecredit - да учам и да се надоградувам под менторство на според мене едни од најквалитетните професори, тимот на Американ Колеџ – Скопје.

Со какви предизвици се соочи за време на студирањето и дали постојат одредени достигнувања на кои си особено горда?

Морам да признаам дека на почетокот на моите студии бев доста исплашена дали ќе успеам да се вклопам во новата средина, меѓутоа стравот беше неоправдан...уште по првите часови, првите контакти со професорите и колегите сфатив дека сум на вистинското место и секој ден на чекор поблиску до остварување на моите желби.

Големо задоволство ми причинува фактот што покрај од професорите кои со голема љубов и посветеност кон својата професија се трудеа да ни ги пренесат своите знаења од областа, преку дискусиите кои се отвараа на предавањата успеав многу да научам и од професионалните искуствата на колегите што за мене лично е многу важно, бидејќи секогаш се стремам да бидам што е можно подобро подготвена и „наоружана“ како со теоретски така и со практични знаења, за да можам без проблем да ги надминам сите предизвиците со кои ќе се соочам во иднина.

Стекнувањето на квалитетно образование е темел на успехот, па затоа особена гордост ми е што моето ќе го заокружам токму на Американ колеџ.

Какви се твоите планови по завршување на студиите?

Моментално сум во завршна фаза на моите студии, ми останува уште еден предмет и подготовката на магистерската теза, па фокусот ми е сеуште насочен кон академските обврски. Се надевам дека по завршувањето со студиите среќата пак ќе ми се насмевне, па ќе успеам да се реализирам и на професионален план, стекнатите знаења да ги применам во пракса, и секако уште повеќе да напредувам остварувајќи ги сите зацртани цели во животот

Дали постдипломските студии на Универзитетот Американ Колеџ ги исполнија твоите очекувања?

Можам да кажам дека моите очекувања се повеќе од исполнети, научив многу, созреав уште повеќе, се надоградив и уште подлабоко навлегов во областа која ја одбрав за идна професија. Секогаш верував дека трудот кој го вложувам еден ден ќе се исплати, работев мотивирано и посветено, а сега сум подготвена своите соништа, желби и амбиции да ги претворам во реалност.

Која е твојата порака за идните студенти кои размислуваат за образование и кариера во сферата на финансиите?

На идните студенти, колеги и колешки со кои ја делам истата љубов кон финансиите би им порачала, да не се откажуваат, да бидат упорни и да вложуваат во себе и во своето образование. Светот на финансиите е огромен и нуди бројни можности кои чекаат на вистинските луѓе за да бидат откриени, па затоа не двоумете се, инвестирајте во себе и во својата иднина.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg