16 дена активизам за борба против семејно насилство (25.11 – 10.12)

Оваа година 16-те дена на активизам против насилството, ќе се случуваат паралелно со Светското фудбалско првенство 2022.

16-dena-aktivizam-za-borba-protiv-semejno-nasilstvo-01.jpg

Според истражувањето на Центарот за економски перформанси, се забележува зголемување на семејното насилство по завршување на важни фудбалски натпревари. За време на двочасовната игра, првично се забележува 5% пад во случаите на насилство, но пред самиот крај на натпреварот започнува пораст и го достигнува пикот на 10 часови по завршување на натпреварот. Според студијата, сите овие случаи на семејно насилство ги вршат лица кои консумирале алкохол, но и кога натпреварите се играат пред 19 часот. Неочекуваните резултати од натпреварите немаат значително влијание врз инцидентите на насилство.

Претстојниот Светски Мундијал на ФИФА 2022 е потенцијално напорен период за добротворните организации и невладини организации кои се борат со семејното насилство. По овој повод, AVON објави грантови од повеќе од 1 милион американски долари во тек на 2022 година за повеќе од 35 невладини организации за семејно насилство ширум светот, вклучувајќи ги и Refuge во Обединетото Кралство, 1000 Women Trust во Јужна Африка и Центарот за права на жените во Црна Гора. Овие донации, ќе им помогнат на службите да продолжат да работат и да ја обезбедуваат клучната поддршка за жртвите. За време на 16-те дена на активизам, AVON повторно соработува со глобалната добротворна организација NO MORE на кампањата #iamasupporter, охрабрувајќи ги луѓето да покажат поддршка за жртвите од семејно насилство. Клучен дел од кампањата на AVON и NO MORE е да се подигне свеста за знаците на семејно насилство и како да се преземе акција:

1. Препознајте: Научете да ги препознавате знаците на семејно насилство

2. Одговорете: Слушајте, не осудувајте.

3. Препорачајте: Охрабрете и побарајте помош од локални специјалистички служби за поддршка на жртвите на насилство.

4. Зборувајте: Покажете дека сте поддржувач со користење на хаштагот #iamasupporter. Користете ги социјалните медиуми за споделувајте ресурси и информации за подигање на свеста за семејното насилство

Angela Cretu, извршен директор на AVON:

„Насилството врз жените и девојките е најраспространето кршење на човековите права ширум светот, но, често се крие зад затворени врати. 16-те дена активизам е момент да се проговори против насилството и да им се покаже на жртвите дека не се сами. Помошта е достапна. Повеќе од 15 години AVON работи со добротворни организации ширум светот, со цел, да се справи со родовото насилство, помагајќи им на нашите пет милиони претставници и нивните клиенти да ги препознаат знаците, да имаат безбедни разговори и да даваат витални услуги. Невладините организации што ги поддржуваме, им ја обезбедуваат на жените ширум светот суштинската помош, потребнa за да се спасат од ситуацијата и да ги обноват своите животи“.

Pamela Zaballa, извршен директор на NO MORE:

„Решени сме да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата на глобално ниво и нашето партнерство со AVON ни овозможува да продолжиме да ги овозможуваме различните услуги за поддршка, достапни за сите жртви на семејната злоупотреба. Сите ние треба да бидеме дел од решението и да го започнеме разговорот за семејното насилство, започнувајки со поттикнување на жртвите на семејно насилство да преземат акција во сите нејзини форми и гласно да проговорат“.

Avon и Фондацијата Avon донираа над 1,1 милијарда долари за каузи кои се најважни за жените. Само во 2021 година, донациите на АVON за невладините организации им помогнаа на најмалку 271.000 жртви на родово насилство и до денес за зголемување на свесноста, компанијата има донирано повеќе од 88 милиони американски долари на глобално ниво.

За повеќе информации за Фондацијата АVON и посветеноста на АVON тема - ставање крај на родовото насилство, посетете ја страницата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg