Hisense предлага топ пет фудбалски филмови кои можете да ги погледнете додека трае светското првенство

hisense-predlaga-top-pet-fudbalski-filmovi-koi-mozhete-da-gi-poglednete-dodeka-trae-svetskoto-prvenstvo-01.jpg

Ако ви се чини дека сè околу вас одеднаш е во знакот на најважниот спореден настан на светот, веројатно сте во право - најочекуваниот спортски настан на годината започна! По повод на светското првенство во фудбал, кое се одржува во Катар, за прв пат во „зимско“ издание, ви ја пренесуваме листата на најдобрите филмови поврзани со оваа магична игра, со која соодветно ќе се „загреете“.

Марадона (2008)

Филмот на Емир Кустурица за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња – Диего Марадона. Раскажувајќи ја приказната за тројца мажи - фудбалскиот Марадона, антиглобалистот Армандо и фамилијарниот Диего - Кустурица ги посети речиси сите „сцени на злосторството“ поврзани со животот на овој неверојатен играч: Аргентина, Барселона, Неапол, Куба на Кастро, како и белградскиот стадион „Маракана“, каде се случил легендарниот лоб. Во придружба на музиката на Ману Чао, ова е сага за подемот од дното кон врвот, за враќањето на дното и повторното раѓање.

Монтевидео, Бог те видео (2010)

Уште еден филм на српски режисер, режисерското деби на Драган Бјелогрлиќ. Приказната за југословенската фудбалска репрезентација која решава да го следи сонот што ги води на првото светско фудбалско првенство во Монтевидео, Уругвај во 1930 година. Главната нишка на филмот се занимава со историскиот успех на репрезентацијата на Југославија, како и личностите на младите фудбалери, кои со својот ентузијазам и талент придонеле за заминување на ова големо светско натпреварување, а една од главните улоги е Милош Биковиќ.

Проколнатиот Јунајтед (The Damned United, 2009)

Филм за контроверзниот фудбалски менаџер Брајан Клоф, сместен во 1974 година и легендарните 44 дена што ги поминал како тренер на клубот Лидс Јунајтед, еден од најуспешните фудбалски тимови во тоа време. Лајт мотив на целата приказна е ривалството меѓу Калаф и Дон Реви, поранешниот тренер на Лидс Јунајтед, кое започна поради повредена суета на еден натпревар кон крајот на шеесеттите. Во извршувањето на својата опсесија, Клоф ќе загуби, но потоа повторно ќе се најде себеси и работите кои се сепак поважни од фудбалот.

Фабрика за фудбалот (Football Factory, 2004)

Не сите фудбалски филмови се поврзани само со случувањата на теренот, а главен доказ е овој неверојатен филм кој веќе го носи култниот префикс. Типичното размислување на британските навивачи, особено на Челзи и Милвол, многу насилство и дрога, се главните мотиви на оваа продукција базирана на романот на Џон Кинг. Снимен во документарен стил, овој филм претставува реален поглед на фудбалското хулиганство.

Бегство до победата (Escape to Vistory, 1981)

Бегство до победата е спортско-воен филм во режија на Џон Хјустон и во кој главни улоги се Силвестер Сталоне, Мајкл Кејн, Макс фон Сидов и легендарниот фудбалер Пеле. Филмот зборува за сојузничките воени заробеници кои биле интернирани во германски логор за време на Втората светска војна. Тие добиваат можност да одиграат „ревијален“ натпревар со селекцијата на Вермахт. Во исто време, тие планираат да избегаат, но во еден момент сфаќаат дека оваа игра е нешто поголемо од бегството, и самите тие и решаваат да останат и да ги израдуваат навивачите.

Можете да се одлучите за филм кој најмногу ви одговара или едноставно да ги гледате сите додека ве тресе фудбалската треска!

Hisense е горд официјален спонзор на FIFA World Cup Qatar 2022™. Како спонзор на светско првенство во фудбал, Hisense има обврска, но и задоволство да придонесе за уживање во фудбалот. Затоа Hisense обезбедува уникатно искуство на гледање на фудбалските натпревари, за навивачите да се чувствуваат како да се на самиот стадион со Hisense телевизорите. Со технологијата Quantum Dot Color, 4K резолуцијата, како и аудио-визуелното кино искуство со функциите Dolby Vision HDR и Dolby Atmos, најновите модели на Hisense ULED телевизори го подигнуваат искуството за уживање во ТВ содржини на сосема ново ниво.

Повеќе информации на mk.hisense.com.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg