Објавен конкурсот за стипендиите НОВА - Борис Трајковски 2023

На 28 ноември, стартува конкурсот за стипендии во Меѓународото училиште НОВА, наменет за најталентираните деветтоодделенци од јавните основни училишта. Ова е долгогодишна етаблирана програма на стипендии, која досега поддржала стотици ученици а вредноста на стипендиите досега изнесува 1,9 милиони евра.

objaven-konkursot-za-stipendiite-nova-boris-trajkovski-2023-01 (1).jpg

Стипендиите кои се доделуваат се резултат на долгогодишната соработка на Меѓународното училиште НОВА со Фондацијата Борис Трајковски, која започна далечната 2005 година во спомен на трагично загинатиот претседател на нашата земја, Борис Трајковски

objaven-konkursot-za-stipendiite-nova-boris-trajkovski-2023-01.jpg

За стипендија може да конкурираат сите ученици од земјава кои го завршуваат основното образование и сакаат да го продолжат образованието во „Нова“, а притоа имаат одличен успех од шесто до деветто одделение и одлично го владеат англискиот јазик. Дополнително, се охрабруваат да аплицираат ученици кои ги живеат вредностите на Нова, а тие се препознати во отвореност за нови култури, промовирање на мултикултурализам и негувањето заеднички вредности.

objaven-konkursot-za-stipendiite-nova-boris-trajkovski-2023-02.jpg

Апликантите потребно е да изработат видео-есеј на тема „What one class should all secondary school students be required to take and pass in order to graduate?“ и истиот да го поднесат во електронска форма на веб-страницата на училиштето. Повеќе информации и совети за изработка на видео есејот тука.

Кој има право да аплицира?

  • Граѓани на Република С. Македонија кои завршуваат основно училиште

objaven-konkursot-za-stipendiite-nova-boris-trajkovski-2023-03.jpg

Што треба да знаат оние кои аплицираат?

  • Меѓународното училиште НОВА е училиште каде се учи на англиски јазик;
  • Неопходно е познавањето на англиски јазик (читање, пишување, зборување)
  • Во интернационално училиште, учениците е потребно е да бидат подготвени да учат заедно со врсници чии вредности и културни средини се различни од нивните.

objaven-konkursot-za-stipendiite-nova-boris-trajkovski-2023-04.jpg

Овој конкурс кој го нуди Меѓународното училиште НОВА претставува одлична можност за сите основци кои сакаат да ги прошират своите интелектуални видувања, да се дружат со ученици од целиот свет и да студираат на едни од најуспешните универзитети во иднина.

objaven-konkursot-za-stipendiite-nova-boris-trajkovski-2023-05.jpg

Досега над 150 студенти од Меѓународното училиште Нова се запишале на најдобрите 100 универзитети во светот. Процесот на пријавување започнува на 28.11.2022 и завршува на 07.12.2022. Повеќе информации и совети за видео есејот процесот на аплицирање, искуства и совети од од други студенти тука.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg