Помина хуманитарниот тикет на Марко Новески!

Помина уште еден хуманитарен тикет на MOZZART, непосредно пред новогодишните празници! На враќањето на клупскиот фудбал продолжи MOZZART хуманитарната кампања во која типуваат познатите и ловат добивка која доколку ја погодат, ја донираат по своја желба, а овој пат добитен тикет состави Марко Новески.

pomina-humanitarniot-tiket-na-marko-noveski-01.jpg

Познатиот ТВ-водител и шоумен на својот тикет одбра вкупно шест натпревари во период од три различни дена и успеа да ги погоди. Последниот натпревар кој воедно беше и најтежок беше дуелот меѓу Арсенал и Вест Хем затоа што „топџиите“ губеа на полувреме, ама на крајот успеаја да дојдат до три бода и така успешно заврши уште една хуманитарна кампања на МОZZART.

„Благодарност до MOZZART за можноста да учествувам во оваа хуманитарна кампања и со мојот добитен тикет да придонесам кон хуманитарните акции кои ги организираат како општествено одговорна компанија. Навистина се израдував кога видов дека мојот тикет помина и дека ги погодив сите парови, се надевам дека добивката ќе помогне“, изјави Марко Новески.

Во акцијата Хуманитарен тикет досега учество зедоа многу познати спортисти и јавни личности, меѓу кои: капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, најдобриот македонски возач Игор Стефановски Иџе, ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски и многу други.

Водителот Марко Новески освоената добивка од 57.196 денари ја донира во Домот за деца без родители во Скопје! Низ акцијата хуманитарен тикет за викенд досега се собрани над 600.000 денари кои компанијата MOZZART ги донира во добротворни цели низ неколку установи во Република Македонија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg