Горан Пандев во победничкиот тим на Mozzart!

Најдобриот фудбалер во историјата на Македонија e нов бренд амбасадор на Mozzart.

goran-pandev-vo-pobednichkiot-tim-na-mozzart-01.jpg

Слоганот на Mozzart – „Биди победник“ – од денес добива уште поголемо значење, бидејќи нов бренд амбасадор на оваа компанија стана човек чиј статус на победник го следеше во текот на целата негова кариера.

Горан Пандев, најдобриот фудбалер во историјата на Македонија и Mozzart, лидерот во игрите на среќа во овој дел од Европа, склучија соработка која ќе ги помести границите во Македонија, а покрај маркетингот ќе има и многу други аспекти.

„Mozzart ја препознавам како компанија која вложува многу во општествената одговорност, пред сè во спортот и затоа немав дилема дали да ја прифатам поканата што ја добив. Со Mozzart веќе имам соработка преку мојот фудбалски клуб Академија Пандев и имав можност да се уверам дека се работи за сериозна компанија која освен што е најдобра во својата дејност, секогаш сака да и помага на заедницата преку разни дејности во кои делува“, истакна Горан Пандев.

Рекордерот по број на натпревари за Македонија (122, 38 гола) и човекот кој на нашата земја ѝ ја донесе најголемата фудбалска радост во историјата со тоа што маестрално ја водеше репрезентацијата до големи победи и палсман на ЕУРО 2020. Минатото лето Пандев ја заврши богата играчка кариера во која ги носеше дресовите на Беласица, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова, Парма... Уште пред да се пензионира, својата желба да придонесе за подобрување на фудбалот во Македонија ја покажа со Академија Пандев, клуб од неговиот роден град Струмица.

„Покрај тоа што е одличен играч, Горан безброј пати докажа дека е и голем човек. Ја претставуваше Македонија на величествен начин каде и да играше, а за тоа со каков жар го носеше македонскиот дрес на секој од неговите 122 настапи може да се напишат безброј книги. Нашата соработка нема да застане само на маркетинг активности, туку заедно со Горан ќе организираме и бројни хуманитарни акции по кои Mozzart е препознатлив, не само во Македонија. Горан е роден победник и одлично се вклопува во нашата деловна политика“, изјавија од менаџментот на компанијата Mozzart.

Биди победник. Mozzart.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg