А1 Business Pro тарифи, најатрактивна понуда за А1 деловните корисници

Неограничен интернет, 5G, зголемени субвенции за мобилни услуги и A1 Combo Business поволности со A1 NET PROTECT 24 месеци без надомест

a1-business-pro-tarifi-najaktraktivna-ponuda-za-a1-delovnite-korisnici.jpg

Свесни за потребата на компаниите за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за водење на своите бизниси, A1 Македонија го стави на располагање A1 Business Pro-тарифно портфолио кое нуди флексибилност во комуникацијата и поврзаност преку најбрзата мобилна мрежа, но и можност за користење на супер брз интернет преку 5G мрежата на А1 и секако дополнителни субвенции и нови смарт уреди.

Со новото портфолио, А1 стави на располагање пет нови А1 Business Pro пост пејд тарифни модели за мобилна телефонија, со исклучителни бенефиции дизајнирани да овозможат уште поголем избор и повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент. Со избор на еден од тарифните модели, деловните корисници добиваат неограничен интернет, 5G достапност, вклучен роаминг сообраќај и можност за избор на бесплатен пакет според желбите и потребите на корисниците, како и можност за зголемен буџет за набавка на уред согласно тарифата која ја избираат.

Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакет, корисниците добиваат дополнителни поволности во облик на уште поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди. Дополнително, со секоја активација или обнова на мобилна линија во рамки на А1 Combo Business, деловните корисници добиваат и можност за користење на услугата A1 Net Protect 24 месеци бесплатно за дополнителна безбедност при користење на најбрзата мобилна мрежа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg