Блеснете од љубопитност за тоа што сè е возможно да направите за себе преку Онлајн мастер програмата Будење на свеста

Секој од нас во текот на животот, на момент се наоѓа на раскрсница на која се запрашува во кој правец да оди, кој е следениот чекор што треба да го преземе за да се движи во насока која ќе го доведе до успех.

blesnete-od-ljubopitnost-za-toa-shto-se-e-vozmozhno-da-napravite-za-sebe-preku-onlajn-master-programata-budenje-na-svesta-01.jpg

Патувањето по личната вистина, нé секогаш е лесно, се соочуваме со препреки кои треба трезвено да се поминат и од кои треба да извлечеме поука на нашето животно патување.

Катерина и Радован, успешно го чекорат својот животен пат и преку нивното искуство преточено во книгата „Будење на свеста“, достигнаа свесност кај многу луѓе кои сакаат да ја употребат скриената моќ која ја поседуваат како човечки битија на овој свет.

И после 10.000 продадени примероци на книгата „Будење на свеста“ и награда за книга на годината, Катерина ова знаење и искуство го пренесува и преку онлајн мастер програма како дополнување на книгата со работни вежби и медитации.

Направена токму според истоимената книга, оваа дигитална мастер програма е за вашата нова животна авантура, блесок на љубопитност за сè што е возможно да направите за себе. Да преземете одговорност за сопствениот живот и да добиете целосна самодоверба и свесност за своите емоции и нови потенцијали. Преку себеспепознавање да постигнете внатрешен мир и трансформација, и да креирате живот со леснотија. Низ програмата Будење на свеста, исто така свесно ќе ја разберете и научите моќта на поставување на цели и преземање на свесна акција, и да креирате и манифестирате посакувана реалност.

Онлајн програмата Будење на свеста е вашиот прв чекор до успех да постигнете хармонија и целосна рамнотежа на вашето битие. Сè што треба да направите, е да го отворите вашиот ум и срце за нови можности и да уживате во патувањето.

blesnete-od-ljubopitnost-za-toa-shto-se-e-vozmozhno-da-napravite-za-sebe-preku-onlajn-master-programata-budenje-na-svesta-02.jpg

Што кажаа другите за онлајн програмата Будење на свеста:

„Тоа што особено го ценам во оваа програма е што Катерина е ментор во вистинска смисла на зборот, од кого научив навистина многу. Преку оваа програма си ја повратив самодовербата и насмевката на лицето, почнав повеќе да се сакам себеси и станав повеќе свесна за сè што ми се случува како искуство“. – Маја од Скопје

„Катерина во оваа програма е навистина инспиративна и приземјена, зрачи со својата енергија и искуствено знаење. На едноставен начин ја пренесува пораката на секој модул. Оваа програма ми помогна да постанам креатор на мојот живот, добив храброст да преземам нови чекори во мојот живот, зошто долги години живеев во улога на жртва и секогаш го барав виновникот надвор од мене за сè што ми се случуваше како искуство во животот“. – Ирена С.

„Особено им се радувам на медитациите. Овие водечки медитации со гласот на Катерина се вистинска инспирација, и веќе медитациите не ми претставуваат фрустрација, уживам во секоја од нив. Медитациите ми помагаат да го започнам денот на поинаков начин, да не се стресувам за сè и сешто, ми дадоа мир“. – Радмила М.

Повеќе информации за Мастер програмата Будење на свеста можете да погледнете на линкот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg