Бидете безгрижни со Samsung уредите на новата ера

Во брзината на секојдневниот живот, несомнено зависиме од квалитетни уреди во нашето домаќинство на кои можеме да се потпреме и  кои можат да ни заштедат драгоцено време со нивната брзина и ефикасност. Компанијата Samsung со своите иновации се погрижи домашните работи да можеме да ги завршиме во најкус можен рок, а во тоа ќе ви помогнат домашните асистенти од новата ера.

bidete-bezgrizni-so-samsung-uredite-na-novata-era-05.jpg

Буквално сè што ни е потребно за домашните обврски да бидат поедноставни, денес го имаме на дофат на рака.

Плус, кога знаете дека мирно може да спиете имајќи го предвид фактот што секој од нив со себе носи 5 години гаранција, не треба многу за да ве убедиме дека пролетта треба да ја дочекаме подновени. Време е за шопинг!

Секогаш свежо и вкусно

Целиот асортиман на ладилници Samsung е украсен со неколку технологии за складирање храна, кои ги одржуваат храната секогаш да биде свежа одржувајќи оптимално ниво на температура и влажност при ладењето, со многу опции за оптимизирање на просторот внатре во самите фрижидери.

Меѓу нив се издвојуваат фрижидерите со технологија SpaceMax, која ги прави фрижидерите многу потенки, како и иновативните Bespoke фрижидери кои со својот разигран дизајн стануваат фокусна точка на секој модерен кујнски ентериер.

bidete-bezgrizni-so-samsung-uredite-na-novata-era-01.jpg

Гответе со насмевка

Кујната може да биде место каде нема да ви биде ноќна мора да ги извршувате некогаш здодевните обврски. За да подготвите вкусно, квалитетно и здраво домашно јадење за членовите на вашето семејство, потребна ви е опрема со врвен квалитет во кујната.

Со вградените печки, рингли и аспиратори на Samsung, ќе можете да го подготвите највкусното јадење на наједноставен можен начин.

Печете два оброка на различни температури во исто време благодарение на технологијата Dual Cook Flex на Samsung рерната или гответе на совршени температури со помош на Virtual Flame Technology. Кога сте во брзање и треба брзо да го загреете оброкот, ќе ви се допадне една од стилските и моќни комфорни микробранови на Samsung.

bidete-bezgrizni-so-samsung-uredite-na-novata-era-02.jpg

Чистење кое одзема многу време, а вие го немате

Општи препораки за чистење на најчесто користените простории во домот се тоа да се прави еднаш неделно, при што секоја сесија на чистење со правосмукалката варира од неколку минути до неколку часа, во зависност од големината на просторот. И токму за оние долги сесии за чистење, правосмукалката Bespoke Jet Complete е дизајнирана да биде издржлива и ефикасна.

Чистењето од место до место е полесно со правосмукалката Bespoke Jet, благодарение на нејзиниот дизајн и тежина од само 1,44 kg, што ја прави 24 проценти полесна од другите правосмукалки. Лесно се лизга по подот, преку теписи, под каучи, па дури и позади маси, без оптоварување на грбот.

bidete-bezgrizni-so-samsung-uredite-na-novata-era-03.jpg

Перењето може да биде енергетски ефикасно

Како број еден енергетски ефикасна машина на пазарот, паметните машини за перење на Samsung со AI се опремени со технологијата AI Ecobubble™ на Samsung.

Користењето ладна вода наместо топла вода без додавање дополнително време на циклус им помага на корисниците да заштедат до 70 проценти од потрошувачката на енергија со моделот на работа со AI Energy Mode на SmartThings Energy. Исто така, обезбедува високи стандарди за чистота и хигиена на облеката со тоа што му дозволува на детергентот брзо да навлезе во ткаенините и да ја отстрани нечистотијата - дури и во ладна вода. Заедно со перењето на дневен ред е и сушењето на алишта.

Иако мислењата за користење на машина за сушење се поделени, со новата технологија за сушење алишта, паметни машини за сушење на Samsung со AI нуди и низа опции кои без двоумење се вистински избор за олеснување на секојдневието. Технологијата на топлинска пумпа во сушарите Bespoke AI™ обезбедува енергетски поефикасен, поекономичен и нежен начин за сушење алишта.

Со енергетска оцена А+++, машината за сушење на алишта Bespoke AI™ користи еколошка технологија на дигитален инвертер компресор за да ги суши алиштата што е можно побрзо и поефикасно. Технологијата AI Dry, континуирано ги следи температурата и влажноста додека ги прилагодува поставките за да обезбеди оптимално сушење на алиштата и заштеда на енергија.

Со користење на рециклиран топол воздух, машината за сушење може да ги намали и вкупните оперативни трошоци и јаглеродот. Плус се грижи за ткаенината на вашата облека, па не мора да се грижите дека омиленото парче облека изгубило од својот квалитет.

bidete-bezgrizni-so-samsung-uredite-na-novata-era-06.jpg

Побрзајте и искористете го промотивниот период

Купете Bespoke правосмукалка, фрижидер или рерна и добијте подарок микробранова печка во боја по ваш избор. Искористете ја оваа неверојатна можност и збогатете го својот дом со фантастични уреди Bespoke во бои и дизајн кои ви одговараат вам и на вашиот животен простор.

5 години гаранција со купување одредени куќни апарати Bespoke Home и 3 години гаранција на правосмукалки Bespoke Jet. Акцијата трае од 1.2. до 28.2.2023 г. или до потрошување на залихите.

Повеќе информации на следниот линк - https://www.samsung.com/mk/offer/bespoke-home-feb-2023/

bidete-bezgrizni-so-samsung-uredite-na-novata-era-04.jpg

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg