Со Браво кафе Премиум освојте 500.000 денари

Браво кафе Премиум повторно наградува. Главна добивка и годинава е парична награда од 500.000 денари која се доделува секој месец и е вистински стимул за учество. Но предизвикот не застанува овде, туку следуваат и бројни други примамливи награди како 15.000 денари, телевизори, фрижидери, велосипеди, машини за перење, микробранови печки... Тука се и најбројните брендирани награди како Браво термос, ѓезвиња, шолји за кафе, торби за пазарење...

so-bravo-kafe-premium-osvojte-500-000-denari-01.jpg

Учеството во наградната игра е со купување на 100, 200 или 500 грамско пакување на Браво кафе Премиум. Доколку во внатрешноста на пакувањето пронајдете три исти вредности за награда (пример: отпечатени три телевизори) вие сте добитник на отпечатената награда. Наградната игра „Отвори и добиј“ е веќе почната и трае до крајот на годината.

-Традиционално веќе секоја година ги наградуваме нашите верни купувачи. Пуштивме во продажба илјадници добитни пакувања кои треба да ги пронајдат своите среќни купувачи. Оваа наградна игра ни е само еден начин да покажеме благодарност до нашите верни купувачи и љубители на кафето Браво, секако и да ја наградиме нивната лојалност кон нашиот бренд. Наша најголема цел е да го одржиме добриот воспоставен однос со купувачите и да ја оправдаме довербата која веќе со години ни ја даваат. Продолжуваме да го правиме тоа на најдобриот начин што умееме - изјави генералниот директор на Рио Кафе, Кирил Андоновски.

За сите прашања и дополнителни информации посетете ја официјалната Facebook страница на Браво Кафе или заследете го Instagram профилот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg