⋮IWConnect го проширува своето портфолио – ја презема Global Help Desk

IWConnect е мултидисциплинарна ИТ компанија која има глобален простор на делување и е фокусирана на создавање на дигиталнo-оптимизирани технолошки решенија од денес го проширува своето портфолио на решенија со уште еден член – Global Help Desk.

iwconnect-go-proshiruva-svoeto-portfolio-ja-prezema-global-help-desk--1.jpg

Global Help Desk е мултифункционална стартап компанија која нуди услуги и решенија во повеќе области (Network Operations Center, help desk, call center) и 24/7 достапен партнер на своите клиенти. Со седиште во Битола, мисијата на Global Help Desk е да им овозможи на своите клиенти и нивните бизниси да функционираат беспрекорно секој ден преку давање на 24 часа поддршка и надгледување на нивните системи, 7 дена во неделата, а со тоа да им помогнат да станат водечки компании во нивната индустрија.

Партнерството помеѓу ⋮IWConnect и Global Help Desk го одразува трендот на соработка помеѓу компаниите во технолошкиот сектор. Технологијата се развива со голема брзина, а самото тоа придонесува таа да е клучна за секоја компанија. Со оглед на тоа, технолошките решенија и ИТ поддршката на тие решенија, и бизнисот во целина, се неминовен дел од функционирањето на една компанија. Приклучувањето на Global Help Desk кон ⋮IWConnect е резултат на овој тренд, а со тоа, ⋮IWConnect и Global Help Desk само ќе го зголемат квалитетот на решенијата кои ги даваат на своите клиенти.

“Веруваме дека приклучувањето на Global Help Desk кон ⋮IWConnect ќе ја зголеми и прошири вредноста која ⋮IWConnect ја дава на своите клиенти. Како компанија ние сме постојано посветени на давање на најдобрите технолошки решенија на нашите клиенти, и со нетрпение ги очекуваме можностите кои овој спој на компании ќе ги донесе. ” – вели Александар Мемца, партнер во ⋮IWConnect.

Ако сакате да дознаете повеќе за Global Help Desk, посетете ја нивната вебстрана. Доколку сакате детална информација за партнерството, можете слободно да нѐ контактирате.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg