Американскиот сон може да се оствари и во Македонија!

Живот во Македонија со американски плати, токму ова им се случува на 100-на млади лица кои работат за американскиот пазар, а живеат во Македонија. Предноста е во тоа што не ја напуштаат татковината, а компанијата во која работат нудат виски плати примамливи за наши услови.

amerikanskiot-son-mozhe-da-se-ostvari-i-vo-makedonija-01.jpg

Станува збор за македонската компанија Пантелеон ГС која работи како поддршка на компаниите на американскиот пазар. Работните процеси се прилагодени на америчките стандарди, односно се работи по американско време од 15 до 23 часот, се уживаат бројни привилегии.

Пантелеон ГС го има одговорот на прашањето “Како да заработувате амерички а да работите во Македонија”?

Основана во 2020 година, оваа брзо растечка аутсорсинг компанија во моментов вработува над 100 талентирани и амбициозни млади луѓе од различни профили, кои во моментов успешно работат за преку 12 големи компании на американскиот пазар. Во нивното портфолио на клиенти доминираат претежно финансиски компании за факторинг, лизинг, осигурување и финансирање, брокерска компанија, мрежа за продажба на возила, компанија за регрутација, маркетинг и многу други.

amerikanskiot-son-mozhe-da-se-ostvari-i-vo-makedonija-02.jpg

Компанијата има огромен потенцијал за развој, за дополнителни вработувања и несомнено силно се наметнува како деловен систем кој значајно ќе придонесува кон развој на домашната економија, и уште поважно кон задржување на квалитетните кадри дома, во нашата татковина.

Пантелеон ГС создава тим кој работи локално и придонесува кон локалната економија, а притоа добива можност да се надградува во текот на самата работа и да стекне значајни квалификации и искуство од работа со некои од најдобрите компании во индустријата.

Повеќе инфо на panteleongs.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg