10 моќни жени се музи во кампањата „Безвременска инспирација“ на Смарагд 1969

И покрај тоа што месец март го одбележуваат многубројни кампањи ширум светот во чест на Меѓународниот Ден на жената, аплаудираме за нивната борба, за нивното постоење, се слави жената како битие, а пред сè се слави нејзиниот успех во општеството, оваа година една од омилените мартовска кампањи кои кружат под нашето поднебје е кампањата „Безвременска инспирација“ на познатиот бренд за накит „Смарагд 1969“.

10-mokni-zeni-se-muzi-vo-kampanjata-bezvremenska-inspiracija-na-smaragd-1969-01.jpgТамара Тодевска / Марија Худолин / Нина Ангеловска

„Единствената муза која е безвременска мотивација – жената, поттикна за создавање на моќната кампања наречена „Безвременска инспирација“- споделува Рилинд Хоџа, извршен директор во Смарагд 1969.

„Преку овој пример и концепт и на наше задоволство, во соработка со дамите кои се дел од кампањата, сакавме да поттикнеме на мотивација за исполнување на сонот на секоја жена што го гаи во себе. Притоа, безвременската инспирација – жената, да ја соединиме во една приказна со безвременски парчиња накит.

Нашите дами ги споделија сопствените животни приказни. Тие се вистински пример на истрајност, борбеност, посветеност, пожртвуваност, храброст и успешност.

Тие се лидери во текот на денот, некои од нив мајки во текот на ноќта, но пред се тие сѐ навистина бестрашни и полни со љубов во исто време“.

10-mokni-zeni-se-muzi-vo-kampanjata-bezvremenska-inspiracija-na-smaragd-1969-06.jpg Дрита Ислами / Дина Муцунска

Брендот „Смарагд 1969“ и оваа кампања, стојат цврсто зад овие инспиративни приказни на млади генерации кои успешно се борат против стеротипните размислувања во општеството и тоа го прават на најдобар можен начин. 

10-mokni-zeni-se-muzi-vo-kampanjata-bezvremenska-inspiracija-na-smaragd-1969-07 (1).jpgВенера Крлиу / Д-р. Гордана Петровска

Имено со почетокот на оваа кампања, брендот го претстави и новото заштитно лице, преубавата Марија Худолин, претпримач и мајка на четири деца која доаѓа од Босна – Сараево.

„Соработката со Марија се случи спонтано, а ни помогнаа и социјалните мрежи како и неколку средби на настани каде што забележавме дека таа совршено ќе се совпадне со префинетиот и елегантен накит кои го пласираме како бренд повеќе од 54 години на македонскиот маркет.

10-mokni-zeni-se-muzi-vo-kampanjata-bezvremenska-inspiracija-na-smaragd-1969-04.jpgМарија Худолин

Сакавме да одбереме лице кое блеска со женственост, нежност и впечатливост – тоа е исто како и носењето на накит. „Коцките“ совршено се споија и соработката е видливо успешна.“ - вели Хоџа.

Еден од новитетите кои следуваат од страна на брендот, е и учеството и претставувањето на нова колекција на италијански накит за време на „Денови на италијански брендови“ во соработка со италијанската амбасада и Fashion Weekend Skopje.

10-mokni-zeni-se-muzi-vo-kampanjata-bezvremenska-inspiracija-na-smaragd-1969-03.jpgАна Бунтеска / Катерина Ангеловска / Дита Старова Ќерими

Продавниците на Смарагд 1969 може да ги посетите во ГТЦ на први кат, Ист Гејт Мол на приземје и во Старата скопска чаршија.

Во продолжение, погледнете ја кампањата „Безвременска инспирација“ и уживајте во интервјуата и приказните на нашите дами.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg