Се одржа најкул денот во годината - Vivax Cool Day 2023

Скопје беше домаќин на традиционалниот Vivax Cool Day 2023 во организација на Паком Компани, членка на М-Сан Групацијата, воедно и официјален увозник и претставник на Vivax во Македонија. Како и секоја година, целта на настанот беше да се направи ретроспектива на постигнатите резултати како потврда за успешната соработка и доследноста на стратегијата за континуиран развој.

se-odrzha-najkul-denot-vo-godinata-vivax-cool-day-2023-06.jpg

Она што е различно оваа година од сите претходни е што регионалната низа на Vivax Cool Day настани започна токму од Скопје, и тоа во присуство на повеќе од 250 интернационални партнери, соработници и пријатели, како и претставници на матичната компанија Vivax Хрватска.

На целодневниот настан присутните имаа можност во релаксирана атмосфера да слушнат од гостите-предавачи од Хрватска повеќе детали за возбудливите новитети во светот на Vivax климатизацијата, која како најпопуларен бренд е дел од повеќе од 100.000 семејства. Се зборуваше за сите новитети кои се веќе достапни или ги очекуваме до крајот на годината, беа претставени и VIVAX VRF системите, како и деталите за постпродажната поддршка за бројните клиенти.

По официјалниот дел, присутните имаа можност да се опуштат со стенд-ап настапот на популарните актери Тино и Атанас, кои беа вистинско загревање за забавниот дел во кој настапи Елена Ристеска, што додаде момент на врвно доживување кое продолжи со диџеј сетот на Ерик Фокс. Како дел од забавната програма беше организиран и онлајн квиз кој обезбеди 10 награди за најголемите познавачи на брендот.

Погледнете го видеото од настанот:

До следниот Vivax Cool Day, следете ги активностите на еден од најбараните и најприсутни брендови во нашата земја.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg