Под мотото „Ракометниот терен е мојот свет“ стартуваа подготовките за второто издание на ракометниот камп „40х20“

„Во зависност од возраста на учесниците на кампот, предвидени се засебни програми по кои ќе се работи. Повозрасните ракометари/ки, родени 2008 година и поголеми, ќе работат доминантно индивидуални тренинзи, во мали групи, со тренери кои се докажани во работа со млади категории, надополнети со групни тренинзи и натпревари. Групите формирани од помлади учесници ќе работат по програма адекватна за возраста, но кај нив ќе се обрне внимание и на сегменти кои се важни за таа возраст, како осамостојување, социјализација, предавања за здрав начин на живот и здрава исхрана, едукација во сегментот на пливање и кајак, тимска дисциплина во однос на тренинг, одговорност итн, но секако ќе имаат и повеќе простор за забава и дружење, имајќи предвид возраста“ - Горан Ѓоргоноски, основач и коодринатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“, и менаџер на агенцијата КМГ Спорт.  

pod-mototo-rakometniot-teren-e-mojot-svet-startuvaa-podgotovkite-za-vtoroto-izdanie-na-rakometniot-kamp-40h20-01.jpg

По успешно оргнизираното прво издание на ракометнипт камп „40х20“, како дел од проектот „Ракомет За Секое Дете“, Агенцијата КМГ Спорт, како организатор на истиот, го најавува вториот издание, кое од 02 – 07 Јули ќе се одржи во комплексот на Хотел „Аквалина“ во Охрид.

pod-mototo-rakometniot-teren-e-mojot-svet-startuvaa-podgotovkite-za-vtoroto-izdanie-na-rakometniot-kamp-40h20-05.jpg

Под мотото „Ракометниот терен е мојот свет“, организаторот на кампот кој е наменет за момци и девојки на возраст од 7 до 17 години, најавува уште поквалитетно издание, со цел анимација на децата од Македонија и странство во сегментот на ракометната игра, но и надградба на повозрасните групи на ракометари/ки. За таа цел ќе бидат ангажирани голем број на ракометни тренери од земјата и странство, стручни лица во областа на спортската психологија и нитриционизам, превенција од повреди и подготовка за тренинг, кои ќе бидат задолжени да го пренесат своето знаење на малдите ракометари, со цел нивна надградба од повеќе аспекти кои се важни во оформување на еден спортист во комплетна личност.

pod-mototo-rakometniot-teren-e-mojot-svet-startuvaa-podgotovkite-za-vtoroto-izdanie-na-rakometniot-kamp-40h20-02.jpg

„Во зависност од возраста на учесниците на кампот, предвидени се засебни програми по кои ќе се работи. Повозрасните ракометари, родени 2008 година и поголеми, ќе работат доминантно индивидуални тренинзи, во мали групи, со тренери кои се докажани во работа со млади категории, надополнети со групни тренинзи и натпревари.

Групите формирани од помлади учесници ќе работат по програма адекватна за возраста, но кај нив ќе се обрне внимание и на сегменти кои се важни за таа возраст, како осамостојување, социјализација, предавања за здрав начин на живот и здрава исхрана, едукација во сегментот на пливање и кајак, тимска дисциплина во однос на тренинг, одговорност итн, но секако ќе имаат и повеќе простор за забава и дружење, имајќи предвид возраста“ – изјави Горан Ѓоргоноски, основач и коодринатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“, и менаџер на агенцијата КМГ Спорт.

pod-mototo-rakometniot-teren-e-mojot-svet-startuvaa-podgotovkite-za-vtoroto-izdanie-na-rakometniot-kamp-40h20-03.jpg

Минатиот јуни, на премиерното издание во Охрид, партиципираа повеќе од 70 момчиња и девојки од земјата, но и од странство, а оваа година има најави за повеќе деца надвор од границите на нашата Македонија.

„Минатата година имавме одличен тим од стручњаци на сите полиња, кој оваа година ќе го надградиме и прошириме, со единствена цел, подигање на квалитетот на самиот настан. Овој настан има предзнак ракометен и ракометот ќе има „главна улога“ на истиот.“ – изјави Горан Ѓоргоноски, основач и коодринатор на проектот „Ракомет За Секое Дете“, и менаџер на агенцијата КМГ Спорт“. - дополни Ѓоргоноски.

pod-mototo-rakometniot-teren-e-mojot-svet-startuvaa-podgotovkite-za-vtoroto-izdanie-na-rakometniot-kamp-40h20-04.jpg

Според информациите од организаторот на кампот, интересот за учество е голем и за краток период на пријавување, пополнет е над 50% од капацитетот на учесници кој е предвиден. Сите заинтересирани повеќе информации можат да најдат на следниот линк или на официјалните друштвени мрежи на кампот.

Се гледаме во Охрид!

pod-mototo-rakometniot-teren-e-mojot-svet-startuvaa-podgotovkite-za-vtoroto-izdanie-na-rakometniot-kamp-40h20-06.jpg

pod-mototo-rakometniot-teren-e-mojot-svet-startuvaa-podgotovkite-za-vtoroto-izdanie-na-rakometniot-kamp-40h20-07.jpg

pod-mototo-rakometniot-teren-e-mojot-svet-startuvaa-podgotovkite-za-vtoroto-izdanie-na-rakometniot-kamp-40h20-08.jpg

pod-mototo-rakometniot-teren-e-mojot-svet-startuvaa-podgotovkite-za-vtoroto-izdanie-na-rakometniot-kamp-40h20-09.jpg 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg