Скопје, 26.12.2023 – Многубројна публика, македонска музика, многу дарувања и одлична енергија, се само дел од вчерашната атмосфера на отварањето на празничниот базар, со која Плоштад Македонија блесна во полн сјај. Во центарот на Скопје од вчера владее новогодишна еуфорија. „Комората на музичка индустрија на Македонија“, во соработка со „Град Скопје“ со посебна радост ги дочекаа сите посетители и им посакаа одлична забава во претстојните две недели.