Утринските ритуали претставуваат основа за денот и затоа секогаш кога ќе ги пропуштиме, чувствуваме дека едноставно денот „не ни оди како што посакуваме“. Пиењето на првото кафе е посебен момент од секојдневната рутина, кој особено многу го цениме бидејќи ни дава нова енергија и ни влијае на целосното расположение. Затоа, скоро и да не постои подобар начин да се започне денот од подготвување и опуштање со една шолја од омиленото кафе.