Еколошкиот проект „ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО ЗА ПОЗЕЛЕНО УТРЕ“, кој најголемиот европски дрогериски ланец dm дрогерие маркт го започна минатата година по повод јубилејната 10-та година на македонскиот пазар, успешно влезе во својата втора година. Имено, како дел од овој проект, претставници на компанијата, заедно со своите институционални партнери од Факултетот за шумарски науки и екоинженеринг „Ханс Ем“ од Скопје, како и ЈП Комуналец од Струмица и сите деца од генерацијата од шесто одделение од ОУ „Никола Вапцаров“ од Струмица го преуредија училишниот двор посадувајќи речиси 200 нови садници.