Бурниот живот на Хрватката Нина Мориќ - глумеше во спот на Рики Мартин, ја „разведе“ Лима, обиди за самоубиство

Најпознатата хрватска манекенка на сите времиња, Нина Мориќ (46), живее бурен живот полн со скандали. Неколкупати проба да се самоубие, со поранешниот сопруг се тужеа за семејно насилство, синот ја обвини дека украла 50.000 евра семејни пари, се шпекулираше дека криумчарела дрога, но и дека е виновна за разводот на Адријана Лима и Марко Јариќ.

burniot-zhivot-na-hrvatkata-nina-morikj-glumeshe-vo-spot-na-riki-martin-ja-razvede-lima-obidi-za-samoubistvo-01.jpg

Нина Мориќ преку ноќ стана светски позната манекенка. Прекрасната Хрватка со заводлив поглед, извајано тело и полни усни во 1996 година го освои 3-то место на светскиот избор Elite Model Look, а брзо потоа се појави во спотот на Рики Мартин за хитот Livin' La Vida Loca.

Но, тоа што почна како усшешна приказна, ѝ донесе повеќе проблеми отколку среќа во животот.

Која е скандалозната Нина Мориќ?

Пораснала со две сестри со кои никогаш не била блиска. Во една пригода изјави дека татко ѝ Мирко ја злоупотребувал физички и сексуално, но тој ги негираше обвинувањата.

На 12 години почнала да се самоповредува, бидејќи се обвинувала себеси за тоа што ѝ се случувало.

По средното училиште запишала правен факултет, но набрзо се откажала и решила да стане манекенка.

Во 1996 година Нина се натпреваруваше на светскиот избор за модели, Elite Model Look и го освои 3-то место. Потпиша договор со познатата модна агенција и почна да работи за некои од најпрестижните модни куќи во Милано.

Таа му се допадна дури и на Рики Мартин, кој со неа ги сними најжешките сцени за спотот Livin' La Vida Loca.

Во 2001 година се омажи за италијанскиот фотограф Фабрицио Корона, кој е познат и како „крал на папарацото“.

Нина во 2002 година го роди нивниот син Карлос Мариа.

burniot-zhivot-na-hrvaticata-nina-morikj-glumeshe-vo-spot-na-riki-martin-ja-razvede-adrijana-lima-03.jpg

Фабрицио беше обвинет дека уценувал многу славни личности со своите фотки, меѓу кои и Силвио Берлускони, Франческо Тоти, Давид Трезеге и други, поради што заврши во притвор. По скандалот Нина поднесе барање за развод.

Италијанските медиуми шпекулираа дека Фабрицио од уцените заработил околу 600.000 евра, па полицијата се сомневала дека манекенката знаела за валканите игри на сопругот и му помагала да ги испере парите.

Но, таа е ослободена од обвиненијата, а со разводот доби 50% од имотот на поранешниот сопруг.

burniot-zhivot-na-hrvaticata-nina-morikj-glumeshe-vo-spot-na-riki-martin-ja-razvede-adrijana-lima-02.jpg

По неколку месеци парот е фотографиран заедно на Сардинија, поради што многумина помислија дека го лажирале разводот.

И кога сите мислеле дека Нина и Фабрицио ќе се смират, тие почнале толку да се караат, што морала да интервенира и полицијата, а еден со друг се обвинија за семејно насилство.

https://www.instagram.com/p/CaSejjngjNR/

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Сега само сакам да се забавувам“ – Рики Мартин се огласи по разводот + факти за неговиот пропаднат ... „Бев 7 или 8 години со Џуан. Сега само сакам да се забавувам. Сакам да уживам во...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Мајка му починала од рак, не зборувал со татко му - Тажниот живот на Џејмс Дин кој загина на 24 годи... Еден од најголемите холивудски заводници од '50-тите години, Џејмс Дин, има тажн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg