Кружат гласини дека е насилна и нарцисоидна, ја поврзуваат со Лени Кравиц - Која е светската сензација Пегу Гу?
- Детали
- петок, 10 ноември 2023
Луѓе од целиот свет полудеа по хитот (It Goes Like) Nanana на корејската диџејка Пеги Гу. Таа стана музичка сензација преку ноќ. Но, фотографиите на кои се држи за рака со Лени Кравиц го привлекоа вниманието и на оние што не ја познаваат и се прашуваат која е мистериозната девојка...?
Ако пред 6 месеци некој ве прашаше која е Пеги Гу, најверојатно ќе креневте раменици, и ќе кажевте дека не знаете. Денес, можеби не го препознавате нејзиното име, но сигурно сте ја слушнале песната која ја прослави низ целиот свет Nanana, која ѝ донесе милионски прегледи, но и дует со Лени Кравиц.
И не само тоа - некои тврдат дека Лени и Пеги се во љубовна врска и дека токму нивната љубов е инспирација за песната I Believe in Love Again, која ја снимија неодамна.
Која е Пеги Гу?
Вистинското име ѝ е Ким Мин-Џи. Родена е во Јужна Кореја на 3 јули 1991 година.
На 8 години почнала да свири на пијано.
Имала 14 години кога родителите ја испратиле во Лондон да учи англиски јазик.
Се вратила во татковината на 18 години, но по 6 месеци пак се вратила во Англија за да студира мода на London College of Fashion.
По дипломирањето, почнала да работи како уредник-дописник за Harper’s Bazaar Korea, но потоа се преселила во Берлин, каде што живее и денес.
Почнала да работи како диџеј во 2009 година, а учела како да микса музика и битови од пријател во Кореја.
Првиот настап го имала во Cirque Le Soir во Сохо, а потоа почнала да има редовни настапи во ноќен клуб во Лондон.
Првиот сингл го снимила во 2014 година, а во 2019-та магазинот Forbes ја вклучил во листата Азиски лидери, пионери и претприемачи помлади од 30 години.
Гу има и своја модна линија, KIRIN.
Иако имаше публика која ги слушаше нејзините песни, Гу стана планетарно позната „преку ноќ“.
Таа во јуни 2023 го издаде синглот (It Goes Like) Nanana.
Откако излезе синглот, таа гостуваше во Њујорк и тогаш илјадници луѓе ја чекаа за да се фотографираат со неа и заедно да ја испеат песната.
Официјалното видео за песната излезе на крајот на септември и досега има над 6,3 милиони прегледи.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





