Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кружат гласини дека е насилна и нарцисоидна, ја поврзуваат со Лени Кравиц - Која е светската сензација Пегу Гу?

Нејзиниот најнов сингл е соработката со Лени Кравиц за песната I Believe in Love Again.

По видеата и фотките што двајцата музичари ги објавија на своите социјални мрежи, а кои беа „тизер“ за песната, јавноста почна да шпекулира дека Гу и Кравиц се новиот љубовен пар во музичкиот свет.

ja-povrzuvaat-so-leni-kravic-kruzhat-glasini-deka-e-nasilna-i-narcisoidna-koja-e-pegu-gu-didjejkata-koja-stana-svetska-senzacija-10_copy.jpg

Пеги првпат објави заедничка фотка со Кравиц во ноември 2022, па тогаш и почнаа пишувањата за наводната љубов.

Нивните фанови сакаат да веруваат дека тие се заедно, но ниту Пеги, а ни Лени, не коментираат јавно дали се во врска.

ja-povrzuvaat-so-leni-kravic-kruzhat-glasini-deka-e-nasilna-i-narcisoidna-koja-e-pegu-gu-didjejkata-koja-stana-svetska-senzacija-02.jpg

И покрај тоа што станува миленичка на публиката, сепак има и такви кои не ја сакаат.

Во 2020 година, во времето кога почна да гради светска кариера, Даниел Ванг, диџеј, продуцент и поранешен сосед на Гу, ја нарече диџејката „алчна, насилна и грозно суштество“.

ja-povrzuvaat-so-leni-kravic-kruzhat-glasini-deka-e-nasilna-i-narcisoidna-koja-e-pegu-gu-didjejkata-koja-stana-svetska-senzacija-09.jpg

„И понатаму имам трауми од тоа што го познавам ова грозно суштество. Ми беше сосетка, но се пресели пред неколку месеци.

Некои луѓе во светот мислат дека е талентирана, атрактивна, модерна диџејка. Ова е најголемата и најтажната маркетинг измама што се случила.

Многу од нас, кои живееме во Берлин, ја знаеме вистината, но никој нема храброст (или авторитет) да зборува гласно.

Страв им е, затоа што ако кажат нешто, тие ќе добијат епитети на расисти, дека се огорчени или љубоморни на неа. Гу е нарцисоидна, алчна, насилна и проблематична“, вели Ванг.

Гу ги негираше неговите тврдења, па преку видео на Инстаграм им се обрати на своите следбеници.

„Им благодарам на сите кои ме поддржаа. А сите останати, кои верувате во озборувања, можете да оде*ете од мојот профил, зафатена сум“, напиша таа и кажа дека иако понекогаш знае да биде тешка, сепак не е таква каква што ја опишал Ванг. 

Изненадена сум што некој со кого сум се дружела пред многу години, ме ‘прозва’ на овој начин. Не сум совршена, но разочарана сум што луѓето се фокусираат на детска одмазда и лажни озборувања“, кажа Гу.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg