„Не, нема да прифатам дека Деми Мур е најубавата жена на светот - со толку многу пластични операции“

Со години се бориме за телесна позитивност и прифаќање на реалниот изглед и години кај жените, но оваа „награда“ повторно ни порачува дека вредиме само ако се бориме против стареењето - со ботокс, филери, лифтинзи... и тон пари за естетски корекции.

Јас немам ништо против самата Деми - таа изгледа одлично. Но, симболиката што ја носи ова признание е проблематична.

Тоа им вели на жените: „Мора да изгледаш младо за да вредиш“.

Ако правиме естетски корекции - нè осудуваат. Ако не правиме - велат дека сме „запуштени“.

За жал, стареењето денес е невозможна мисија - без разлика кој пат ќе го одбереш.

Деми Мур била убава кога се појави првпат пред 40 години и сè уште е убава.
Но, дали по низата естетски интервенции ја заслужува оваа награда, што мислите вие?“

С. С. | Црнобело