Бастијан Швајнштајгер со нова девојка на плажа на Мајорка, неколку месеци по разделбата со Ана Ивановиќ

Само неколку месеци по разделбата со Ана Ивановиќ, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер бил забележан на Мајорка со нова девојка. Според изворите на германските медиуми, тој веќе бил вљубен во неа и не планира да го среди бракот со Ана.

bastijan-shvajnshtajger-so-nova-devojka-na-plazha-na-majorka-nekolku-meseci-po-razdelbata-so-ana-ivanovikj-01.jpg

Неочекуваната разделба на Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ беше дури и шок за јавноста бидејќи беа девет години во брак и делуваа како навистина среќен пар.

Веста допре до јавноста во април годинава, кога извори открија дека дотогаш, веќе два месеца живееле одвоено.

Германските медиуми не открија причина за разделбата, но сега споделија дека германскиот фудбалер веќе има нова девојка.

Според германскиот магазин Bild, 40-годишниот фудбалер бил забележан на плажа во Мајорка со новата девојка, а биле направени и неколку папарацо фотки.

На фотографиите, Бастијан се држи за рака со русокоса девојка, а фотографирани се и како заедно лежат на плажата.

Не е познат идентитетот на жената, но според изворите на Bild, Бастијан почнал да се гледа со неа во периодот кога почнале брачните проблеми со Ана.

Бракот на Ана и Бастијан со месеци бил далеку од хармоничен, па сфатиле дека е време да стават крај.

bastijan-shvajnshtajger-so-nova-devojka-na-plazha-na-majorka-nekolku-meseci-po-razdelbata-so-ana-ivanovikj-06.JPG

Бидејќи фудбалерот наводно бил и вљубен во новата девојка, бракот со Ана дефинитивно е завршен и нема да пробува да го спаси.

На истиот став била и Ана која „кренала раце“ од бракот и сега главен фокус ѝ биле трите деца што ги доби со Бастијан, како и патувањата.

За потсетување, Бастијан и Ана се венчаа во 2016 година во Венеција, а добија и три деца.

bastijan-shvajnshtajger-so-nova-devojka-na-plazha-na-majorka-nekolku-meseci-po-razdelbata-so-ana-ivanovikj-05.JPG

Бастијан изгради семеен дом во Австрија, но со Ана и децата главно живееја во Мајорка.

По разделбата, германските медиуми тврдат дека Ана се вратила во Белград, од каде што потекнува.

se-razveduvaat-ana-ivanovikj-i-bastijan-shvajnshtajger-po-9-godini-brak-zhiveele-odvoeno-vekje-2-m.JPG

Засега ни Ана ни Бастијан се немаат огласено за разделбата и не е познато дали поднеле барање за развод, а на Инстаграм уште им стојат заедничките фотки.

Прочитајте и: Се разведуваат Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер по 9 години брак – живееле одвоено веќе 2 месеца

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова тужба за Пи Диди - за групно силување на девојка заедно со неговиот син Џастин Грозоморно обвинение против Диди повторно... Но, сега е вклучен и неговиот син. ...
Две афери, украден мебел од Белата куќа: Скандали што Бил и Хилари Клинтон сакаат да ги заборавиме Бил Клинтон имаше две афери (кои ѝ се познати на јавноста), а со Хилари беа крит...
Ана Курникова (44) и Енрике Иглесијас (50) го добија четвртото дете - споделија и фотка од новороден... Со објава на Инстаграм Ана Курникова потврди дека се породила на 17-ти декември....
Наоми Кемпбел (55) не старее - згодна во бикини, со тело како на 20-годишна девојка Доказ дека една од најпопуларните манекенки на сите времиња навистина изгледа од...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....

Најчитани неделава