Ана Курникова (44) и Енрике Иглесијас (50) го добија четвртото дете - споделија и фотка од новороденчето
- Детали
- вторник, 23 декември 2025
Со објава на Инстаграм, Ана Курникова потврди дека се породила на 17-ти декември. Сепак, со Енрике Иглесијас не откриваат дали добиле момче или девојче. Парот е заедно повеќе од две децении и ова е нивното четврто дете.

Ана Курникова се породи и со Енрике Иглесијас го добија четврто дете, а убавите вести ги потврдија со заедничка објава на Инстаграм.
Парот сподели фотка од новороденчето, а го открија и датумот на раѓање – 17-ти декември.
Сепак, со Енрике уште не кажуваат дали е момче или девојче, ниту кое име го одбрале.
44-годишната тенисерка беше фотографирана само неколку денови пред породувањето, а со 50-годишниот пејач успешно ја криеја скоро целата бременост од јавноста.
По шпекулациите кои се појавија летоска, бременоста беше потврдена во септември.
Енрике и Ана веќе имаат седумгодишни близнаци – Луси и Николас, како и петгодишна ќерка – Мери.
Заедно се повеќе од две децении, а важат за можеби најприватниот пар во светот на шоу-бизнисот.
Ана се пензионира од тениската кариера во 2003 година.
Врската со Енрике ја почна околу две години претходно, откако се запознаа на сетот на неговиот спот за песната Escape.
Иако беше меѓу најпознатите тенисерки во светот, Ана престана да игра на само 21-годишна возраст, по што извесен период работеше и како модел.
Сепак, со текот на времето повеќе почна да се фокусира на семејството и денес пробува да се држи што е можно понастрана од јавност.
Кратко по пензионирањето, Ана сподели дека честопати се повредувала и играњето тенис ѝ предизвикувало сериозни болки поради многуте повреди.
„Отсега ќе играм само додека ми е забавно. Требаше да сфатам дека тенисот не е најважното нешто во животот. Сум имала повреда скоро секоја година.
Во 1997 година не можев да играм три месеци, во 1998-ма повредив лигамент и повторно не играв три месеци.
Во 1999 имав уште една повреда, а во 2001-ва не можев да играм цела година“, искрено сподели Ана.
И таа и Енрике одбиваат да зборуваат за нивната врска, но по две децении и четири деца заедно, јасно е дека се среќни.
Прочитајте и: Добија близнаци во тајност, не се видени заедно 2 години: Љубовната приказна на Ана Курникова и Енрике Иглесијас
Спирова С. | Црнобело